Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Станете дел од нашиот тим! 

УНИБанка АД Скопје објавува оглас за работно место 

Кредитен референт во
Дирекција Корпоративно кредитирање
едно работно место

Квалификации:
- Диплома за завршено високо образование - Економски факултет
- Една година работно искуство во финансиски институции - банки ќе имаат приоритет при изборот
- Работно искуство во изготвување на финансиски анализи на правни субјекти ќе има приоритет при изборот
- Познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија

Избраниот кандидат треба да поседува:
- Способност за брзо реагирање и превземање на иницијатива
- Афинитети за тимска работа и работа под стрес
- Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења

Неделно работно време е 40 работни часови
од понеделник до петок од 08:00 до 16:00

Испратете кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо со нагласок за работното место за кое аплицирате на jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 26-ти февруари 2016 година.