Прашањето со кое младиот Ајнштајн го оставил професорот без зборови

Прашањето со кое младиот Ајнштајн го оставил професорот без зборови

Подготвил: Драгана Петрушевска


Еден ден, професор на факултет одлучил да започне расправа со студентите. Тој прашал: „Дали Бог создал сè што постои?“

Студентите во еден глас одговориле потврдно.

„Баш сè?“, прашал професорот.

„Да, сè“, одговориле тие.

„Во тој случај, го создал и злото? Бидејќи злото постои“, рекол професорот.

Студентите замолчиле бидејќи немале одговор на тоа прашање. Професорот бил воодушевен бидејќи покажал дека верата е само мит.

Одеднаш, еден студент кренал рака и прашал: „Може ли да ве прашам нешто, професоре? Дали постои студ?“.

„Секако, колега. Зарем никогаш не сте почувствувале студ?“

„Впрочем, професоре, студот не постои. Според она што го учевме по физика, студот е отсуство на топлина. Може само да се набљудува дали едно тело има и дали предава енергија и топлина на други тела. Без топлина, предметите се инертни, не реагираат. Значи, студот не постои. Ние сме го создале терминот студено за да го објасниме отсуството на топлина. А темнината...“, продолжил студентот.

„Таа исто постои“, рекол професорот.

„Повторно грешите, господине. Темнината е потполно отсуство на светлина. Може да ја проучуваме светлината и осветлувањето, но не и темнината. Темнината е термин кој сме го создале за да го објасниме потполното отсуство на свтелина.“

И конечно, студентот прашал дали постои злото. Професорот молчел.

„Бог не го создал злото. Злото е отсуство на Бога во човековото срце, тоа е отсуство на љубов, човечност и вера. Љубовта и верата се како топлина и светлина. Тие постојат. Нивното отсуство води до зло“, рекол студентот.

Студентот се викал Алберт Ајнштајн.