Прашање кое може точно да го одговорат само психопатите

Прашање кое може точно да го одговорат само психопатите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Се чини јасно како ден дека „симпатичниот психопат“ во популарната култура (Волтер Вајт од „Breaking bad“ и Декстер од „Dextеr“) дка како општество сме истовремено и вознемирени и фасцинирани од овие луѓе.

 

1


Исто така, постои и незаситен интерес поврзан со идентификацијата. „Тестот“ во продолжение кој може да утврди ако некој е психопат е особено популарен на интернет.

Станува збор за приказна за една девојка која покренува прашање.

На погребот на нејзината мајка, една млада девојка среќава човек кого не го знае. Уште на прв поглед девојката мисли дека човекот е неверојатен и дека е мажот од нејзините соништа, со што веднаш се вљубува во него. Неколку дена подоцна, таа ја убива сопствената сестра.

Кој е мотивот за убиството на нејзината сестра?

Одговорот кој би го одговорил вистинскиот психопат е:

Се надевала дека човекот повторно ќе се појави на погребот на нејзината сестра.

Доколку вака го одговоривте прашањето, тогаш вие сте психопат.

Голем дел од луѓето се сомневаат во сигурноста на тестот, а многу пати и тестот е разоткриен.

Но, клиничкиот психолог и автор на книгата „Character Disturbance“ Д-р Џорџ Сајмон не го отфрла во целост.

„Овој таканаречен тест кој кружи низ интернетот е релативно безвреден, но сепак во него постојат некои елементи на релевантност“, вели тој.

Но, дали навистина постои начин преку кој може да се утврди дека некој човек е психопат? Д-р Сајмон објаснува:

„Харе психопатската ревизија на список е список на предмети кои специјално обучените доктори го користат за да соберат факти од историјата на однесувањето на одредено лице“, вели тој.

Суштината на психопатијата е недостатокот на емпатија толку екстремен што доведува до груба, бесмислена и немилосрдна употреба и злоупотреба на другите. Во суштина ова е „малигна“ форма на нарцизам.

Доктор Сајмон тврди дека психопатијата мора да се гледа како спектар отколку како апсолутна.

Со други зборови, не постои само еден одговор кој само психопатите би можеле да го одговорат правилно.