Оглас за вработување во ТТК Банка
ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Раководител на Експозитура во Кичево
(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)
Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):
Високо стручно образование, предност Економски факултет
Работно искуство од најмалку 1 година во областа на банкарството
Познавање на англиски јазик и работа со компјутер
Организациски способности
Комуникациски и аналитички вештини
Стручност и познавање на деловните пракси во областа на банкарското работење
Раководни способности (Планирање, исполнување на поставените цели, идентификација и решавање на проблеми, организација на работењето)
Способност за извршување на комплексни задачи со почитување на зададени временски рокови
Самостојност во донесување одлуки
Опис на работно место и одговорности:
Координирање и организирање на работата во експозитурата;
Планирање, организирање и преземање на активности во експозитурата поврзани со продажба на производи и услуги на клиенти
Подготовка и разгледување предлози за одобрување на кредитните барања и достава на барања за кредитни производи или документарно работење
Следење, контрола и организирање на наплата по сите основи
Активности на двојна контрола во дел од продажбата и сервисирањето на производите и услугите на клиенти
Кредитно работење со МСП клиенти (кредити, кредитни картички, документарно работење)
Работно време:
40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Експозитурата (од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот и во сабота од 09:00 до 13:00 часот).
Почетна основна нето плата:
25.000 денари
Останати информации:
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 15.04.2016 година, со назнака: „Апликација за Раководител на експозитура Кичево“ на следната адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје или на е-маил адресата: hr@ttk.com.mk.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.