Што е вистинска работа од дома, а што измама?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Една од најчестите дилеми кои се јавува со било кој оглас поврзан со работа од дома е: како да ја најдам вистинската работа од дома?
Клучниот збор е „вистинската“. Иако многу сомнителни луѓе на интернет ветуваат илјадници долари месечно за пополнување коверти или неодредена работа на лап топ, можностите за вистинска работа од дома и не се баш експлицитни.
Добрата вест е дека ако знаете како да барате, можете да пронајдете добра работа која целосно или воглавно можете да ја работите од дома. Она што е важно во секој случај е да знаете да препознаете кој може да ве измами.
Најпрво, доколку огласот звучи премногу добро за да биде вистинит, тогаш веројатно станува збор за измама.
Исто така, треба внимателно да ги прочитате сите понуди кои ги добивате. Една кандидатка добила доста детална понуда за работа од работодавецот. Единствен проблем било тоа што воопшто не конкурирала за таа работа. Наводниот работодавач во формуларот, помеѓу останатото, побарал и број на сметката, за да ја плати за работата. Секако, тоа било измама - ако е вешто напишан огласот, понекогаш е тешко да се препознае. Доколку листата вклучува било што од следното, тогаш најверојатно станува збор за измама:
- Многу пари за не многу работа.
- АКо е со скратено работно време, но многу плата или сигурен пат до богатството, или во целост според вашиот распоред и загарантирана заработка која е поголема од платата на корпоративен адвокат кој работи 80 часа неделно - тогаш огласот е измама. Во животот не постојат кратки патеки до богатство.
- Барање на сметка од банката. Никогаш, никогаш не давајте информации за тоа. Тие не се обидуваат да ви платат однапред туку да ви ги земат парите.
- Почетна инвестиција. Вистинската работа никогаш нема од вас да бара да купите алатка, да одите на обука или почетен пакет на било што. Ова е одлика на пирамидална шема во најлош случај или мрежен маркетинг во најдобар случај. Вториот, иако не мора да е измама, ветува пари ако пријавите повеќе луѓе да го продаваат производот. Во суштина тоа е движење на бизнис, а не работа.