Оглас за вработување во Комерцијална Банка АД Скопје - Филијала Битола

Оглас за вработување во Комерцијална Банка АД Скопје - Филијала Битола

Комерцијална Банка АД Скопје во насока на зголемување на своите активности во Битола, нуди можност за вработување на млад, образован, амбициозен кадар преку објавување на јавен

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

На Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население во Комерцијална Банка АД Скопје - Филијала Битола, 1(еден) извршител на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Потребни квалификации и способности:
- Завршен Економски факултет,
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
- Со или без работно искуство,
- Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа професионално однесување.

Работното време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот, и во сабота од 08:00 до 14:00 часот.

Почетна основна нето плата 19. 164, 00 денари

Огласоттрае 5 (пет) работни дена, сметано од денот по објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 15 дена од датумот на истекот на огласот.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми потребно е да пратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на спедната адреса: Комерцијална банка АД Скопје, Ул. Орце Николов бр. З, 1000 Скопје, или на email адреса contact@kb. com. mk. со назнака: "Оглас за вработување во Филијала Битола"

Лице за контакт: Јасна Христовска тел: 3168463

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ