Trainees програма во ЕВН Македонија
Денес е поважно од било кога да имате партнер во кариерата на кој можете да
сметате, компанија која нуди можности и перспективи за личен и професионален
развој како во земјата така и во меѓународни рамки. Ние Ви ја нудиме таа
можност.
Trainees програма во ЕВН Македонија
Trainees програмата претставува структурирана програма за развој која е создадена да обезбеди вештини,
знаења и искуства потребни за да се стане вистински професионалец, додека нејзиниот дизајн овозможува да
се преточи академското знаење добиено во тек на студиите во практично искуство со што учесниците ќе имаат
можност да израснат во вработени со специјалистички вештини. Програмата трае една година и е наменета за
апсолвенти или дипломирани кандидати. Повеќето тренинг патеки вклучуваат ротации во текот на годината во
рамки на повеќе оддели, со можност за работа во различни градови низ Македонија. Сите кандидати кои ќе
бидат избрани да бидат дел од Trainees 2016 ќе работат заедно со ментори кои се искусни професионалци и ќе
имаат личен план за професионален развој.
На крајот на програмата на најдобрите учесници ќе им биде понуден понатамошен ангажман во
компанијата.
Направете го првиот чекор и бидете дел од Trainees програмата за чиј успех најдобро говорат повеќе од 100
досегашни учесници кои се дел од тимот на ЕВН Македонија, како специјалисти или се
унапредени на раководни позиции.
Ако верувате дека имате потенцијал и имате желба за високи достигнувања испратете ја
вашата биографија (CV) и мотивациско писмо на
work@evn.mk или аплицирајте
директно
преку нашата интернет страница.