Оглас за вработување во АПАВЕ СЕЕ...Отворени се повеќе работни позиции

Оглас за вработување во АПАВЕ СЕЕ...Отворени се повеќе работни позиции

АПАВЕ СЕЕ е Македонска компанија која се занимава со вршење технички испитувања, анализи и спецификација. Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои претежно работат низ Европа, Африка, Азија (Блиски Исток и Индиски Океан). Должејќи се на брзиот раст и развој на компанијата, имаме потреба да вработиме:

apavesee
I. Администратор/магационер во одделот за логистика и управување со опрема за работа

 

АПАВЕ има потреба од Администратор/Магационер кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделот за Логистика.

Потребни квалификации:

- Техничко образование

- Одличен англиски јазик (говорен и пишан), познавање на француски јазик би било предност

- Задолжително познавање на компјутери (MS Office)

- Возачка дозвола Б категорија

 

Како предност ќе се сметаат:

 

- Работното искуство во областа на одржување на опрема за техничко испитување

- Искуството во логистика (набавка и транспорт на опрема)

- Интернационална комуникација

 

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: recruitmentsee@apavesee.com

 

II. Администратор во Оддел за Квалитет

 

АПАВЕ има потреба од Администратор/Комерцијалист кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделот за Квалитет.

 

Потребни квалификации:

- Одлично познавање на Англиски и Француски јазик (говорен и пишан)

- Познавање на ISO9001 (Quality Management System) ќе се смета за предност

- Задолжително познавање на компјутери (MS Office)

- Одлични комуникациски и организациски вештини, способност за тимска работа, како и желба за работа во динамична средина

- Согласност за патување во странство на подолги релации (Азија, Африка)

 

Главни одговорности и работни задачи:

- Ревизија, припрема и одржување на систем за квалитет според ISO9001

- Одржување на интерни и екстерни ревизии

- Ревизија на работни процедури во координација со Менаџерот за Квалитет

- Превод на документација (од француски/англиски јазик и обратно)

 

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија до: recruitmentsee@apavesee.com

 

III.Машински инженери и техничари

 

Потребни квалификации:

- Завршено високо образование – Машински Факултет

- Одлично познавање на Англиски јазик

- Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија

- Физичка и психичка способност за работа на висина

 

Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство/познавање при испитување без разорување, техничка контрола, управување со системи за квалитет итн.

 

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: recruitmentsee@apavesee.com

 

АПАВЕ СЕЕ понатаму вложува во своите вработени со што организира дополнителни курсеви и тренинзи кои допридонесуваат до зголемување на квалификациите и техничко познавање на инспекторите.

 

Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.