Искуството на Македонците што работат во земјите од Блискиот Исток

Искуството на Македонците што работат во земјите од Блискиот Исток

Подготвил: Драгана Петрушевска

Корпорацијата „Коузон“ ја знаеме како најпопуларната за младите кои одат на „Work&Travel“ во САД. Но, „Коузон“ нуди можности за работа и патување и во повеќе други земји, а особено популарни се атракциите на Блискиот исток.


Некои Македонци веќе ја искористија оваа можност и заминаа на работа во Катар, Абу Даби или Дубаи. Кирил Манчев од Скопје е еден од нив. Тој работи во Доха, Катар во хотелот „Four seasons“. Работата ја нашол преку „Коузон“, а од неа е многу задоволен.

- Ја сакам мојата работа овде, платата се покачува и добиваме и добар бакшиш. Се` е совршено, имаме се` што ни треба: базен, теретана, спортски активности итн. После работа сите заедно излегуваме, пробуваме арапска храна, имаме време да ги посетиме некои од најубавите плажи и сафари. Исто така, сретнав многу познати лица тука - вели Кирил.

Во Доха работи и Виктор Чочеговски. Тој работи како келнер во еден од најдобрите ресторани во градот. Таму е веќе 6 месеци и е задоволен од сите услови таму. Поради тоа, тој сака да остане таму.

- Мојата цел е да изградам кариера тука, која искрено, иако тажно, не можам да ја имам дома во Македонија. Наскоро ќе добијам повеќе искуство и ќе станам менаџер еден ден. Планирам да го продолжам договорот. Блискиот исток е совршено место да се биде доколку сакате да растете на професионален план - вели Виктор.


Блискиот исток е совршено место за работа и според Ертан Рамадани, кој моментално работи како менаџер во „The kooples“ во Дубаи. Тој пристигнал во Блискиот исток една година претходно, кога преку „Коузон“ нашол работа во „Four seasons“ во Доха.

- Тоа беше едно од најдобрите искуства во мојот живот бидејќи имавме се` што ни требаше: базен, теретана, спортски активности итн. Сретнав луѓе од целиот свет со различни националности, јазици и традиции. Но кога станува збор за работата - може да започнете со добивање добри напојници, покачување на платата и ако работите добро, да бидете унапредени како мене - вели Ертан.

Како до работа на Блискиот исток?

Условите за аплицирање се строго дефинирани во процес кој е утврден според стандардите на Коузон Вработување и нашите партнери до Обединетите Арапски Емирати ( ОАЕ ) и Катар.

Потенцијалниот апликант избира работна позиција за која би аплицирал врз основа на предходно искуство или според афинитетите за вработување на одредена работна позиција.

Повеќе за аплицирањето и искуствата на Македонците кои работат на Блискиот исток пронајдете ОВДЕ.