Невидливите жртви на катастрофата во Чернобил
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Ова се заборавените жртви на катастрофата во Чернобил. Полската фотографка Јадвига Бронте ги фотографиралa животите на луѓето кои страдаат од последиците на катастрофата во Чернобил во проектот наречен „The invisible people of Belarus“.
Институциите водени од владата каде што живеат овие жители имаат тешки услови за живот. Повеќето од жителите имаат физички и ментални потешкотии. Во овие институции, пациентите се принудени да работат на полиња, да чистат и готват. Во една од нив има дури и ќелија за опасни пациенти кои се издвоени од останатите порани безбедни причини.
Фотографката поминала денови фотографирајќи ги пациентите и се надева дека проектот ќе привлече внимание од јавноста. Катастрофата во Чернобил најмногу ги погодила луѓето во Припјат, Украина, откако експлодирал нуклеарен реактор во нуклеарната централа во Чернобил во 1986 година. Белорусија се граничи со Украина, а Припјат е
блиску до границата.
Обединетите нации проценуваат дека милиони луѓе во Белорусија се' уште страдаат од радиоактивна загаденост. Секоја година во Белорусија се раѓаат деца со ментални и физички потешкотии кои се последица од катастрофата во 1986 година. Луѓето се' уште живеат во заразени зони или носат гени од минатата генерација.