Работи што ги научив од мојата строга мајка
Подготвил:
Драгана Петрушевска
„Како дете, се сеќавам дека мислев дека ја имам најстрогата мајка во светот. Таа не ме пушташе да излегувам со момчиња до 16 години, моите браќа и сестри и јас не смеевме да преспиваме кај пријателите и мојот полициски час во средно беше 10:00. Тогаш мислев: Ќе правам се' различно кога ќе бидам родител. Никогаш нема да бидам таква мајка.
И тогаш, имав свои деца. Мамо, понекогаш гледам дека правам се' баш како тебе - знам дека сум таа строгата мајка. Но сега, ја знам твојата тајна - тоа го правеше од љубов. И никогаш нема да можам да ги се заблагодарам за сите лекции на кои ме научи, најголемата: над се' прво стои семејството.
6 работи кои ги научив од мојата строга мајка:
1. Не се откажувај.
Помнам дека ја молев да ме пушти да се запишам на часови по кларинет - сакав да бидам како мојата постара сестра. Но, го добив истото предупредување што таа ѝ го даде на сестра ми, нејзиниот еден и единствен услов за запишување во бенд: Ако се запишеш во 4-то одделение, не можеш да се откажеш додека не си во средно. Еве што знаеше таа: Таа знаела дека ентузијазмот ќе исчезне за неколку месеци, таа знаела дека моите прсти ќе се изморат од вежбање по часовите, знаела дека подобро би седела под дрво читајќи книга, знаела дека би можела да бидам исмевана - дека би можеле да ме викаат бубалица од бенд. По една година откако ја молев да ме пушти да се откажам, таа строго ме потсети на правилото. Бидејќи еве што знаела таа: Дека ќе научам како е да се зпаочне нешто од возбуда, ќе сфатам дека е многу потешко отколку што сум мислела но дека останувањето посветена на нешто би ми помогнало во изградувањето карактер.
Таа знаела дека во бендот би била опкружена со слични индивидуалци кои би ми станале пријатели за заедно да ги делиме радостите и тагите од натпреварите - бидејќи ги посветивме годините на вежбање пред, за време на и по училиште, на викенди и одмори. Таа знаела дека би добила љубов за музиката која би ми го сменила животот - музиката е она што ми помогна да поминам низ пораѓањето, музиката е она што ме вози низ животот, музиката ми помага да пишувам. Музиката ме смирува.
2. Биди дете.
Кога сите мои пријатели се држеа за раце и крадеа бакнежи во 7 одделение, јас посакував: Зошто тоа не можам да бидам јас? Но, мама имаше строго правило: Без излегување со момчиња додека не наполниме 16. Тоа значеше без јавување, држење раце, бакнување. Таа сакаше да бидеме деца кога бевме деца. Не беше проблем ако мајката на мојата другарка ги возеше другарката и дечко ѝ на кино кога имаа 13. Таа не ме пушташе. Го имав искуството од детството и тоа е подарок за кој сум благодарна бидејќи многу деца мораа да пораснат премногу бргу. Не им кажувајте на моите деца, но времето за момчиња и девојки се зголеми на 18.
3. Работете напорно за она што го сакате.
За време на моите лета во средно училиште, одев со мајка ми на работа. Ѝ помагав да средува документи, одговара повици. Го правев ова за да поминам време со неа, што секогаш ќе го чувам, и за ручеците, само нас две - реткост во семејство со пет деца. Кога имав 15 започнав да работам во ординација како помошник. Сакав автомобил кога имав 16. Мислев дека ќе биде како во филмовите, ќе се разбудам и ќе има автомобил на паркингот. Наместо тоа, работев секој ден по училиште до 5 часот попладне до 10 часот вечерта. Платата ѝ ја давав на мајка ми. Тогаш еден ден, таа ме однесе на шопинг и го одбравме мојот автомобил заедно. Продолжив да работам за сметки. Тогаш мислев: Зошто не може јас да ги чувам моите пари и таа само да ми го купи автомобилот? Но чувството да се купи нешто со пари кои тешко се заработиле беше неочекуван подарок.
4. Одете надвор и играјте.
Ако имав избор, веројатно ќе останував пред телевизорот и ќе гледав цртани филмови по цели денови. Навистина, мајка ми честопати би викнала од кујната: Оди надвор и играј! Возевме велосипеди од утро до вечер, седевме на тревата и гледавме во облаците и наоѓавме форми. Понекогаш, ги криев книгите и ги носев надвор и се качував горе високо на дрво и седнував на гранка и читав, се' додека не ја слушав како повикува: Време е за вечера! Сето ова ми помогна да научам да играм независно, креативно и активно. Подароци кои се надевам дека ќе ги споделам со моите деца.
5. Викендот е време за семејството.
Нашето време го поминувавме со семејството - нашите баби и дедовци, вујковци, тетки и роднини. Собиранките не бараа дури ни телефонски повик, секој беше добредојден во било кое време. Секогаш имаше храна, смеа и немаше план освен поминување време заедно. Понекогаш посакував да бидам како другите деца, да одам на преспивања или патувања со пријателите, но кога ќе погледнам назад, имам многу спомени од луѓето кои ми се најважни во животот: семејството.
6. Ништо не е сигурно коа станувате бабата.
Најмногу сакам да ја гледам мајка ми со моите деца. Таа ги сака страство, но на различен начин од оној како ме сакала мене. Таа е помека, помалку строга, наместо да ги следи правилата, таа е среќна кога ги прекршува. Иако јас можеби сум строгата мајка сега, знам дека ме очекува различна динамика со моите внуци - но двете врски се полни со љубов.“
Автор:
Никол Скот