Знаци кои покажуваат дека сте попаметни од просечна личност

Знаци кои покажуваат дека сте попаметни од просечна личност

Подготвил: Тамара Гроздановски

„Business Insider“ објави интересна листа во која сумира неколку знаци базирани врз основа на науката, која ги покажува разликите помеѓу паметните и просечните луѓе.

 

pametni


Имено, според науката, постојат 8 знаци кои покажуваат дека сте попаметни од просечниот човек:

1. Најстаро дете сте - Најстарите деца се вообичаено попаметни, но не поради генетиката. Истражуање од 2007 година вели дека тоа е поради психологијата и семејната динамика.

2. Сте посетувале часови по музика - Истражување од 2011 гтодина открива дека вербалната интелигенција на децата од 4 до 6 години се зголемила после посетување часови по музика.

3. Не пушите - Истражување од 2010 година направено врз 20.000 млади луѓе покажало дека просечниот пушач на 18 до 21 година има IQ 94, додека непушачот има IQ 101.

4. Слаби сте - Здравото тело е тесно поврзано со здрав ум. Француско истражување од 2006 година покажува дека луѓето со прекумерна тежина можеле да се сетат на само 44% од зборовите од тестот, додека нивните послаби колеги можеле да се сетат на 55% од зборовите.

5. Пишувате со лева рака - Неодамнешно истражување ги поврзува луѓето што пишуваат со лева рака со различното размислување - форма на креативност преку која создавате идеи.

6. Сте користеле рекреативна дрога - Истражување од 2012 година пронајде поврзаност помеѓу високата интелигенција во детството и користењето на нелегална дрога на поголема возраст.

7. Имате мачка - Истражување од 2014 година открива дека луѓето кои имаат куче се подруштвени, додека оние кои имаат мачки се поинтелигентни. Причината: интровертните луѓе кои чуваат домашно милениче имаат поинтелектуални хобија.

8. Високи сте - Истражување од Принстон покажуваат дека повисоките деца имаат подобри резултати на когнитивните тестови.

 

2


А во продолжение ви нудиме уште неколку знаци кои ги докажала науката:

1. Луѓето кои се ноќни птици важат и за поинтелигентни личности. Ако останувате до доцна во ноќта за да работите (не за да излегувате и да пиете), тогаш имате повисока интелигенција. Истражувањата покажуваат дека ноќните птици имаат повисока интелигенција отколку оние кои се нарекуваат утрински луѓе.

2. Интроверт сте. Многу интроверти може да имаат социјална анксиозност и размислуваат пред да кажат нешто. исто така, поголемиот дел од надарените деца се интроверти.

3. Друго истражување покажа дека децата кои се доени со мајчино млеко имаат повисока интелигенција и се поуспешни подоцна во животот.

4. Неколку истражувања потенцираат дека атеистите се попаметни од оние луѓе кои се религиозни.

5. Читањето уште од рана возраст е индикатор дека личноста има повисока интелигенција, а тоа го покажале и резултатите од когнитивните тестови.

6. Смислата за хумор е уште една карактеристика која ја имаат луѓето со висока интелигенција.

7. Истражувањата покажуваат дека тинејџерите со повисока интелигенција биле девици во средно.