Импресивни футуристички медицински технологии кои веќе се измислени

Импресивни футуристички медицински технологии кои веќе се измислени

Подготвил: Драгана Петрушевска

Технологијата, науката и медицината напредуваат со огромна брзина во последните неколку децении. Иако уште го чекаме летачкиот автомобил, доживеавме да видиме некои неверојатни откритија и напредоци во областа на медицината.


Замена за зглоб создадена од биоматеријали


Ова е овозможено од 3-д принтањето. Британски хирурзи измислиле техника во која старитте зглобови може да се заменат со нови импланти кои стојат на место со „лепак“ направен од сопствените матични клетки на пациентот.

Мал пејсмејкер


Технологијата напредувала многу од 1958 - кога бил вграден првиот пејсмејкер. „Medtronic“, компанијата која го произвела првиот пејсмејкер на батерија се појавува на пазарот со уред кој ќе направи револуција. Новиот пејсмејкер е со големина на витаминска пилула и за него не треба операција. Тој се вградува со катетер во слабината.

Имплант за око од „Google“


Проектот на технолошкиот гигант е леќа која ја заменува природната леќа на окото и која може да се подеси за да го поправи видот. Таа се спојува за окото со истиот материјал кој се користи за производство на контактни леќи и има многу медицински примени - како проверка на крвен притисок и проверка на нивото на глукоза.

Вештачка кожа


На Технолошкиот институт во Масачусетс, научниците развиле „втора кожа“, што претставува тенок материјал кој изгледа како помлада кожа.

Мозочни импланти за движење


Ијан Буркхарт доживеал несреќа на 19 години која го оставила парализиран од градите надолу. Последните две години, тој работи со докторите за да ги подобри имплантите кои експериментално му биле вградени во мозокот. Се работи за микрочип кој чита електрични импулси во мозокот и ги претвора во движења. Ијан успеал да става вода од шише и да игра видео игри со овие импланти.

Биоапсорбирачки стентови


Стентовите може да предизвикаат компликации кај пациентите и не се целосно ефективни. Но, нови биоапсорбирачки стентови може да ја променат играта. Докторите успеале да создадат врски во срцата на млади пациенти кои се родиле со таа аномалија користејќи напреден материјал кој ја размножува структурата со органски материјал.

3д принтана `рскавица


Тим научници од Империскиот колеџ во Лондон и Универзитетот „Bicocca“ во Милано создале материјал кој ги има сите карактеристики на `рскавицата. Материјалот може и сам да се врзува доколку биде скршен.

Мускули кои се лечат самите


Вештачки направен мускул може да се истегне 40 пати повеќе од својата должина и да се врати во нормала. Тој може и да спојува дупки во себе и да се врзува одново по повреда.

Празно срце


Научниците успеале да создадат празно срце во кое може да се вбризгаат матични клетки од друг пациент. Срцето стои во хемиска супстанца која ги уништува сите клетки освен протеините. Откако е испразнето, срцето се става на вештачки циркулаторен систем и бели дробови за да започне да функционира како орган и да биде трансплатирано во пациент.

Мозочна мрежа


Истражувачи од „Harvard“ создале вештачка мрежа која се вбризгува во мозокот и го спојува мозочното ткиво. Истражувачите предвидуваат дека ваквата мрежа би можела активно да го следи мозокот до секој индивидуален неврон во иднина, со што би можело да се подобри третирањето на болести како Паркинсоновата.