Детски бисери кои слатко ќе ве насмеат
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Детски бисери кои дефинитивно ќе ве насмеат и ќе ви го разубават денот.
Што е сонцето?
- Најубавото сонце е на море. Тоа таму живее и кога ќе одиме на море, тоа не' прашува колку пари имаме.
- Јас сум сонцето на баба. Веројатно сум штом така ме викаат и мама и тато.
Што е хороскоп?
- Хороскоп е кога децата се исто облечени и пеат иста песна на глас.
Кој е Папата?
- Тој е претседател на машките и женските попови.
Што е Југославија?
- Онаму каде сме живееле, а повеќе не постои.
- Кога нешто имаш па немаш - тоа е Југославија.
- Таа е сестра на Југослав, ама јас не ја познавам.
Што е доктор на наука?
- Тоа е доктор кој лечи наука.
- Доктор на наука е научно суштество.
- Тој е оној кој не носи бел мантил туку костум, па е смешен.
- Тој не ти вели да ја отвориш устата и да кажеш: Аааа, туку само зборува.
- Тој е некој кој се маскира, па не знаеш дека е доктор.
Што е култура?
- Театар, а мене често ме водат во култура.
- Тоа се добива дома и се носи каде и да одиш.
- Се сади на село, па после се продава во градот.
Што е геноцид?
- Филмовите кои се прикажуваат после полноќ.
- Нешто од природата.
- Го наследуваме од мама и тато.
Што е клонирање?
- Кога кловнот се нервира.
Што е мафија?
- Една господска, убаво платена работа.
Што е дрога?
- Мојот дедо се дрогира. Тој е дијаболичар и секој ден себеси си дава дрога преку шприц.
Каде е Америка?
- Таму живееја каубојците и Индијанците, па се убија и сега таму живеат само глумците.
За што служи компјутерот?
- Тој служи за мама и тато повеќе да не спијат заедно.