Брексит: Што се премолчува во врска со референдумот за Европската Унија?

Брексит: Што се премолчува во врска со референдумот за Европската Унија?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Во референдумот за тоа дали Велика Британија треба да остане или да ја напушти Европската Унија, владата на Велика Британија предупреди дека напуштањето на ЕУ може да значи 10 години неизвесност со формирањето на нови трговски договори, па дури и може да предизвика колапс на економијата со една година рецесија.

 

2


Во меѓувреме, медиумите и анти-ЕУ политичарите сконцентрирани на темата емигранти, ја оставија јавноста во страв од зголемувањето на емигрантите кои ќе ја исцедат економијата и ќе ги преплават градовите.

Истото ширење на страв се случи во Норвешка кога се одржа референдум во 1994 година; сепак Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија, кои не се членки на ЕУ, во рамките на Европа, уживаат највисок животен стандард во светот.

Како функционира Европската Унија?

Најпрво тука е Европскиот парламент каде пратениците се избираат од страна на пошироката јавност за тие да ги претставуваат; нивната работа е да гласаат за или против предложените нови закони на ЕУ.

Следен е Европскиот совет каде се среќаваат лидерите на нациите. Улогата пак, на Европската комисија, која се состои од 28 членови (по еден за секоја земја членка) е да предлага нови законски регулативи. Овие луѓе не се избрани од јавноста туку од секој лидер на земјите членки. Токму овие комесари ги создаваат законите, а не лидерите и пратениците за кои гласа јавноста.

Важно е да се напомене дека Договорот од Лисабон од 2007 година ги заменува сите претходни договори за нов устав на ЕУ; во овој договор исто така е речиси невозможно било која земја да поднесува петиција за закон откако тој ќе стапи во сила.

Европската тркалезна маса на индустријалци


Од каде комесарите ги добиваат нивните идеи за законите? Тие доаѓаат од европската тркалезна маса на индустријалци. Таа се состои од околу 50 извршни директори и претседатели на големи мултинационални компании, а е формирана со намера да се обликува и зајакнува интеграцијата во ЕУ.

На пример, во јануари 1985 година, масата ја претстави „Европа 1990 - агенда за акција“ - акционен план за единствен пазар. 10 дена подоцна, Жак Делор, новиот претседател на комисијата го одржа својот говор за единствениот пазар во парламентот, а во јуни 1985 година, беше објавена белата книга на единствениот пазар, копија од планот на европската тркалезна маса на индустријалците.

Денес масата има веб страна, но во 90-тите беше таинствена. Во 1991 година тивко го објавија нивниот извештај наречен „преобликување на Европа“.

Во 1997 година преговараа за трговски договор наречен Мултилатерална спогодба за инвестиции, со што им е дозволено на корпорациите да ги тужат владите ако законите на ЕУ за заштита на животната средина, подобрување на стандардите, обезбедување на еднаков третман на жените и оданочувањето на капиталот, го попрече нивниот профит.

Трговски договори

TTIP и CETA се нови верзии на истиот трговски договор на кој се приклучија Америка и Канада.

Greenpeace од Холандија протекоа договори од TTIP наведувајќи: „Без разлика дали се грижите за проблемите со животната средина, благосостојбата на животните, работничките права или приватноста на интернет, треба да бидете загрижени за тоа што има во овие документи“.

Europe Inc е уште еден непрофитен извештај кој ги покажува опасните врски помеѓу индустријата и институциите на ЕУ, како и меѓународните институции како OECD, WTO и Oбединетите Нации.

Но сигурно ништо од ова не е важно затоа што им се верува на ЕУ дека ќе донесе одлуки кои се најдобри за луѓето.

Во 2002 година, Марта Андреасен била вработена од Европската комисија како главен сметководител. Но, кога таа ја прашала Комисијата за огромните суми на пари на ЕУ кои се водат како исчезнати, Европската комисија ја отпуштила поради неуспехот да покаже доволно лојалност и почит. Кога Марта случајот го одвела на суд, таа била прогласена за виновна затоа што одбила да потпише сметки за кои верувала дека се несигурни, такашто ја изгубила пензијата.

Еден месец откако економијата пропадна во 2008 година, тогашниот претседател на Комисијата, Жозе Мануел Баросо ја назначи Независната група на високо ниво за финансиски надзор. Но, тоа не беше група на независни економски експерти туку група на осум мажи поврзани со Lehman Brothers, Citigroup и Goldman Sachs - три од американските банки кои ја предизвикале кризата.

За Грција  беше донесена одлука да ѝ се замрзнат банкарските сметки на јавноста, да се ограничи повлекувањето и да се оданочат депозитите. Кога народот на Грција гласаше за одбивање на понатамошните заеми од ЕУ во 2015 година, ЕУ се закани дека ќе ја казни Грција.

Ако корпорациите и банките одлучуваат кои закони треба да ги создаваат комесарите, ако политичарите соработуваат со овие корпорации и банки и ако процесот на донесување на одлуки од страна на овие корпорации, банки и политичари намерно се вршат во тајност, дали е доволно да кажеме дека ова е светот во кој живееме денес? На каде се движи ЕУ?

Во рамките на ЕУ, не е тајна дека целта е да се изгради супердржава преименувана како Соединетите држави на Европа, со своја централна власт и европска армија како и крајбрежна стража и европска ЦИА.

Во меѓувреме ЕУ ги блокира границите за хуманитарната криза предизвикана од војните кои ги поддржува, и се' почесто се нарекува „Тврдината Европа“.

Инволвираноста на Америка

И Америка испраќа бран на воена помош за да обезбеди видлив симбол на посветеноста на Америка во регионот и помош за европските сојузници.

Од историјата знаеме дека оваа ситуација е потенцијален рецепт за фашизам, диктатура и полициска држава; сепак се држиме за идејата дека демократијата им овозможува на овие луѓе да работат во наше име.

Неодамнешно истражување од Принстон Универзитетот статистички докажа дека Америка е тајно управувана од мала група на луѓе во владата, големи бизниси, медиуми и разузнавачките служби. Дали доказите презентирани тука не покажуваат дека истото се случува и со Европа?

Луѓето ќе речат дека не може ништо да направат, но овој систем функционира само затоа што ние соработуваме. Го обвинуваме општеството, но ние сме општеството. Прашањето е: Кога ќе започнеме да зборуваме - на работа, во јавноста, на социјалните медиуми и гордо да викнеме: „Не повеќе!“