Резултати од историскиот референдум на Велика Британија

Резултати од историскиот референдум на Велика Британија

Подготвил: Драгана Петрушевска

По долги дебати и дискусии, Британците вчера излегоа на референдум за да одлучат дали Велика Британија ќе остане во Европската Унија или ќе излезе од неа.


Гласачите одлучија да ја напуштат унијата. 51,7% од гласачите биле за излегување, а 48,3% за останување во унијата.

Биле изброени над 25 милиони гласови, а разликата меѓу гласовите за останување и за заминување е мала. „Излегување“ водела на крајот со над 900.000 гласови. Овој резултат ќе има драматично влијание на глобалната економија и може да предизвика менување на границите на Велика Британија доколку Шкотска одлучи да ги повика граѓаните на нов референдум за независност.

Финансиските пазари во светот реагирале веднаш со пад на акциите во повеќе земји. Британската фунта падна за над 10% во само 6 часа.

Излегувањето од ЕУ може да трае со години

Гласот за излегување од унијата може да биде вратен или блокиран теоретски, пишува „Вокс“. Сепак, како што велат од Би-Би-Си, тоа би било политичко самоубиство да се оди против волјата на луѓето. Формалното известување за излегување може да се објави за неколку дена, но властите може и да почекаат за тоа.

Потоа, Велика Британија ќе преговара за нов договор за заменување на правилата на членство во ЕУ. Велика Британија може да преговара за добивање пристап до европскиот пазар што не е многу различен од оној што го имаат сега.