Сепак почна седницата за избор на нов ректор на УКИМ

Сепак почна седницата за избор на нов ректор на УКИМ

Во моментов трае седницата на Ректорската управа на УКИМ на која се избира новиот Ректор.



После неколку часовна блокада на Ректоратот, претставниците на Студентскиот пленум се согласија истата да почне откако ректорот Велимир Стојковски дозволи да присуствуваат четворица студенти. На седницата се присутни двајцата кандидати за ректори Ненад Новковски и Никола Јанкуловски. Освен професорите – членови на Сенатот, присутни се и претставници на Студентскиот парламент за кои Пленумите тврдат дека се со истечени мандати.