Мерцедесот дизајниран од Македонец започна да се произведува
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Славче Таневски стои зад дизајнот на најновиот сериски автомобил на „Mercedes-Benz“ - GLC Coupe.
„После 4 години работа, конечно е официјално! Мојот прв автомобил во производство. Првиот автомобил кој го дизајнирав кој може да го купите. Му благодарам на одличниот тим кој го овозможи ова и ви благодарам за целата поддршка која ја добив, приватно и професионално“, напишал Славче на својата официјална фан-страница на „
Facebook“ неодамна.
Сега ова се реализираше. „Mercedes-Benz“ во Бремен е местото каде што ќе се произведува новото GLC Coupe, чиј дизајн го работел Славче. Моментално, цената во Германија и Велика Британија изнесува 49.444 евра, односно 40.580 фунти.
Ова е само прв поглед на потенцијалот на моделот како луксузна комбинација од спортски и патнички автомобил.
Маркус Шафер, член на одборот за
производство во „Mercedes-Benz Cars“ изјави: „Со почетокот на производството на новиот GLC Coupe го прошируваме ова семејство на SUV-автомобили како лучен елемент во стратегијата за развој на Mercedes-Benz.“
Ова е прв целосен дизајн на сериски автомобил за Славче во неговата работа во компанијата. Тој е Македонец кој студирал овде и во Германија. Претходно, тој ја дизајнирал надворешноста на сите сериски возила на „Mercedes-Benz“, а започнал да работи таму за време на неговата дипломска работа.
Од
интервјуто со него кое го направивме порано дознавме дека во компанијата работат мал број дизајнери на голем број модели, па јасно е колку е тешко да се успее како дизајнер во „Mercedes-Benz“.
„Мене најмногу ми помогна талентот и целата енергија што ја вложив додека студирав. Бев упорен и не се откажував“, ни откри Славче тогаш.
Само напред, Славче!