Генијален балкански изум: Ниедна земја нема вакво нешто на плажите
Подготвил:
Драгана Петрушевска
За работа на тушевите се користат обновливи извори на енергија, и тоа на врвот на конструкцијата. А на него можат да се инсталираат и звучници. Паметните тушеви од Осијек може да ја освојат следната сезона на Јадранот.
На тоа се надеваат неговите конструктори Матиас Кнежевич (20), Кристијан Горупич (21) и Нико Јелеч (21), тројцата студенти по економија кои работеле со години на прототипот на првиот паметен туш на светот.
Ова е мултифункционален туш - Smart Shower LOOPS за надворешна употреба кој за работа користи обновливи извори на енергија, т.е. фотонапонска ќелија од 300 вати на врвот на конструкцијата. Преку него може да се спои на интернет а на него може да се исталира и звучници.
Конструкцијата е од инокс, а подот е од квалитетно дрво па многу подобро ги задоволува хигиенските услови, а во него има и прочистувач така да е заштитен од бигор и други навлаги. Тоа не е само туш туку инсталација која нуди комплетен пакет за плажа.
Во него е инсталиран 4G интернет на кој може да се вклучат 60тина луѓе и да имаат одлична врска.
Моментално има два туша, од кои еден е во делови а другиот е составен во фирмата и се чека негово преместување.
Овие момци биле препознаени од градот и им биле понудени 6 илјади куни за да го купат тушот. Бидејќи се работи за родниот град им дале попуст, инаку овој изум би вредел 8 илјади евра. Сега работаат на развој на помали поевтини модели за семејни куќи и базени.