Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје
Служба за при пејд / Област на Главниот оперативен директор за приватни корисници
Работно место: Специјалист за понуди
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
Услови:
- Високо образование - Технички факултет - Електротехника, Телекомуникации; Економски факултет или други факултети
- 3-5 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Разбирање на пазарот на телекомуникации
- Осет за маркетинг и маркетинг потребите
Работни задачи:
- Филтрирање на нови идеи и евалуација на извршувањето на работата на постојните понуди за процесот на осмислување
- Учество во подготовката на патоказот за маркетинг за сегментот на припејд корисници
- Управување со животниот циклус на понудите од подготовка преку активирање до евалуација
- Управување со KPIs за маркетинг (претплатници, ARPU, и профитабилност) во prepaid сегментот
- Одговорност за планирање, делокруг, успешна имплементација и активирање на проект
- Имплементација на понуди за сите услуги (говор, SMS, податоци, роаминг, итн.) и програмите за лојалност
- Имплементација на извонредно искуство накорисниците преку сите канали (IVR, SMS, Контакт центар, продажни места)
- Подготовка на физибилити студија за реализација на проектот (опис на техничката остварливост, ризиците, груба финансиска анализа за сите варијанти) и детални временски рамки на активностите (план за проект)
- Разгледување и планирање на сите активности потребни за проектот што треба да се активира, како што е техничка имплементација и тестирање, обука и материјали за продажба, комуникација, односи со јавноста, итн.
- Ефективна комуникација со меѓу-функционалните тимови за да се осигури имплементацијата и успешна тековна еволуција на понудите
- Разгледување и планирање на сите активности потребни за проектот што треба да се активира, како што е техничка имплементација и тестирање, обука и материјали за продажба, комуникација, односи со јавноста, итн.
- Обврска за следење на успехот на понудите на тарифи како од аспект на резултатите така и од аспект на оперативно работење
Способности и вештини:
Иновативен, проактивен, аналитички вештини, вештини за организација и комуникација, тимска работа, способност за стратешко размислување, прецизност, точност и посветеност кон работата
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк
http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Специјалист за понуди
Огласот ќе биде објавен на ден 25.07.2016 година и ќе трае до 03.08.2016 година.
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667
Ќе работи со полно работно време од 40 часа .
Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 30.875,00 денари
Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.