Вистината за смртта на Мајкл Џексон

Вистината за смртта на Мајкл Џексон

Подготвил: Драгана Петрушевска

Мајкл Џексон почина на 25 јуни во 2009 година од труење со пропофол и бензодијазепин. Човекот кој беше обвинет за смртта на Џексон, неговиот личен лекар Конрад Мареј, сега тврди дека пејачот се' уште бил жив кога бил прогласен за мртов за време на пристигнувањето во болницата во Лос Анџелес, иако лекарите од итната помош тврделе дека бил клинички мртов.


„Како може да ги заборавам тие последни часови? Тоа беше ноќ на мака и фрустрација“, изјавил Мареј за News.com.au.

Од смртта на пејачот, Мареј тврдел дека му давал третман за несоница на Џексон за време на вежбите за неговата турнеја која требаше да започне месец подоцна. Докторот му давал Пропофол заедно со други седативи.

„Тој беше без пари, изморен, екстремно тажен. Моите загуби беа страшни, но тоа не ме спречува да го сакам, но и не ме спречува да ја кажам приказната за него која е искрена“, вели Мареј.

Џексон починал од труење со Пропофол околу пладне. Овој анестетик, Мареј му го давал на Џексон со месеци пред неговата смрт. Мареј беше прогласен за виновен за убиство и помина две години во затвор.


Доктори изјавуваа дека Мареј направил повеќе грешки во грижата за Џексон, тој тврди дека е невин и вели дека позади смртта на Џексон има теорија на заговор. Во неговата нова книга „This is it! The secret lives of d-r Conrad Murray and Michael Jackson“, Мареј пишува дека докторите од итната помош правеле грешки и сето тоа изгледало наместено.

„Има многу работи за Мајкл Џексон што никогаш не биле кажани“, пишува тој.

„Сакам луѓето навистина да го запознаат Мајкл Џексон, тие не го знаат“, додава Мареј.

Во делот од книгата кој е јавно објавен пишува дека Мајкл барал од неговиот доктор да биде со него постојано, во текот на денот и ноќта во последниот ден. Мареј пишува и дека пропофолот, анестетикот кој веројатно бил причина за смртта на Мајкл Џексон, не предизвикува зависност. Сепак, лекот му го оштетувал животот на други начини.


За време на ноќта пред смртта, Мареј му дал неколку седативи и анестетици на Џексон, но ниту еден не му помагал да заспие. Утрината, пејачот побарал пропофол од докторот бидејќи сакал да спие за да може да вежба за турнејата следниот ден.

Конечно, Мареј му дал 25 милиграи пропофол, што било мала доза и тоа му помогнало на Џексон да заспие. Но, Мареј продолжил да го набљудува Мајкл додека спиел бидејќи спиењето му било помирно од обично. Наскоро, тој забележал дека Мајкл не дише и се обидел да го оживее и повикал итна помош.

Мајкл Џексон починал за време на пристигнувањето во болницата во Лос Анџелес.