Проверете дали вашата работа може да ја извршува робот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Дали вашата работа може да ја извршува робот? Ова е сериозно прашање. Како што компаниите продолжуваат да напредуваат со сериозно темпо, се' повеќе и повеќе професии започнуваат да спаѓаат во категориите кои би можеле да бидат заменети и извршувани од компјутер или робот.
Работниците во фабриките беа оние кои најмногу се грижеа дека ќе бидат заменети со роботи, меѓутоа денес и возачите, и келнерите, касиерите и низа други професии се изложени на ваков ризик. Дури и некои високо платени професионални работни места како дијагностичари и адвокати може да бидат заменети со роботи.
Во секој случај, прашањето е: кои работни места се безбедни и за кој кариерен пат треба да се одлучите ако сакате да имате безбедна
професија?
Креативност и вештина
Актери, уметници, професионални спортисти и музичари се безбедни професии
Во овој момент речиси е невозможно компјутерот да реплицира креативност. Компјутерот може да создаде слика или песна со употреба на други слики или песни како водич, но тоа не е вистинска креативност. Исто така, мал број на луѓе се заинтересирани да гледаат како роботи играат фудбал или се тркаат на Тур де Франс.
Дури и да не сте уметник или спортист, секоја работа која бара висок степен на креативност и вештини ќе биде безбедна. Тука се вклучени писателите, графичките дизајнери, научници и археолози, тренери, фотографи, архитекти, адвокати, лекари и други.
Емпатија
Друга работа во која компјутерите и роботите не се добри е емпатијата. Секоја работа која бара човечка интеракција и емпатија нема да биде автоматизирана. Сигурно дека вештачката интелигенција не може замени професии како терапевтите - оваа професија и професиите слични на неа бараат доста човечка интеракција и емпатија.
Работните места во оваа категорија вклучуваат ветеринари, советници, медицински сестри, стоматолози, фитнес тренери, пожарникари и полицајци, нутриционисти, свештеници, наставници и слично.
Специфичност
Автоматизацијата е поврзана со решавање на широките потреби, такашто професиите кои бараат посебни знаења или добри моторни вештини немаат опасност од замена.
Така на пример, туристичкиот водич ќе биде секогаш потребен. Тука спаѓаат и цвеќарите, шминкерите, фризерите и други професии во кои потребна е човечка умешност.
Технологија
И за крај, професиите кои поддржуваат, надгледуваат, утврдуваат или создаваат технологии ќе бидат безбедни од автоматизацијата.
Автоматизираните системи и понатаму ќе имаат потреба од надзор, особено на почетокот. Дури и ако започне да се користи вештачката интелигенција, потребно ќе биде сметководителот да провери машината да не направила одредени грешки. Слично на тоа, доколку еден компјутер е програмиран да создаде реклама за една компанија, ќе биде потребен маркетинг експерт за да провери дали сето тоа е усогласено со брендот.
Исто така ќе бидат потребни работници кои ќе ја поддржуваат автоматизацијата на различни начини - одржување, стратегија, инсталација и други - и тие ќе бидат во висока побарувачка.
И секако луѓето кои ги креираат, дизајнираат и создаваат новите роботи и вештачката интелигенција. Тука спаѓаат инженерите, програмерите, научниците и слични професии.