За првпат проучени трагите оставени од авионите во воздухот

За првпат проучени трагите оставени од авионите во воздухот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Трагите кои ги испуштаат авионите, а кои голем број теоретичари на заговор ги нарекуваат хемтреилс и сметаат дека е прскање со хемиски и биолошки агенси, се познати хемиски процеси, вели новото истражување спроведено од Карнеги, Универзитетот во Калифорнија Ирвин и непрофитната организација „Near zero“.

 

авион


Во нивното истражување, тимот направил темелно испитување. Авторот на истражувањето го поттикна фатот дека некои меѓународни истражувања покажуваат дека 17% од луѓето веруваат во постоењето на некоја форма на Голема тајна атмосферска програма чиј составен дел се овие траги.

Бидејќи теоријата во последните години добива се' поголем замав и се повеќе следбеници, а не е спроведено никакво рецензирано научно истражување, американскиот тим одлучи да го испита мислењето на најпопуларните атмосферски експерти на оваа тема.

Во нивното истражување тие најпрво избрале експерти со најголем број цитати во највлијателните списанија во светот од две подрачја - 1. атмосферските научници, експерти за кондензација и 2. геохемичари, експерти за атмосферска депозиција, односно за прашината и загадувањето кои паѓаат на површина на земјата. Сите експерти кои учествувале во истражувањето имале повеќе од 20 години искуство во својата област.

Тимот презентира различни податоци собрани од различни веб страни кои ја промовираат оваа теорија, а научниците требаше да ги оценат. На крај, тимот им поставил едно клучно прашање: „Дали некогаш во вашата работа или во вашиот личен живот, сте дошле во допир со постоење на некоја голема тајна програма на атмосферско прскање?“ Научниците можеле да одговорат со да и со не или да понудат свој одговор или толкување. Одговорите биле чувани во тајност, односно учесниците знаеле дека нивните одговори ќе останат анонимни. Со други зборови, тие на никој начин не ризикувале со својот потврден одговор да го загрозат својот научен кредибилитет или да бидат исмејувани.

Резултатите покажале дека меѓу нив постои голем консензус - од 77 испитаници сите освен еден одговориле негативно (98.7%). Испитаникот кој одговорил негативно на сите презентирани аргументи објаснил дека наишол на високо ниво на атмосферски бариум во оддалечена област која има стандардно ниско ниво на бариум во почвата.

Авторите на истражувањето во својот заклучок велат дека одлучиле да го спроведат истражувањето затоа што се свесни дека некои влади во земјите низ светот спроведуваат одредени тајни програми без согласност на своите граѓани.

„Разумно е од граѓаните да се очекува да бараат одговор на прашања кои се однесуваат на нивното здравје, климатски промени и загадување. Иако можеме да разбереме голем број стравови поврзани со овие тајни програми, доказите кои постојат и кои произлегоа од нашето истражување не укажуваат на никакви тајни програми“, пишуваат авторите

Корени на теоријата

Теориите на заговор поврзани со овие траги започнаа во 1996 година, а воглавно се смета дека биле предизвикани од темата на работа именувана како „'Weather as a Force Multiplier: Owning the Weather in 2025“, објавен од американските воздухопловни сили. Работата била претставена како одговор на барањето на војската некако да се постават основните нацрти за идните стратегии зза можноста на модифицирање на времето кое требало да му помогне на американската воена доминација да се одржува до 2025 година.

Името хемтреил (Chemtrail) е англиски сложен збор кој настанал со спојување на зборовите „chemical“ (хемиски) и „trail“ (трага).