Што се случи откако Шведска воведе шест часовен работен ден?

Што се случи откако Шведска воведе шест часовен работен ден?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Истражувањето објавено неодамна потврдува нешто за кое се дебатира со години: пократкото работно време не само што е подобро за здравјето на човекот, туку и работниците се повеќе продуктивни.

 

шведска


Минатата година шведската влада го избра пензионерскиот дом „Svartedalens“ како дел од експериментот во кој медицинските сестри работеле само шест часа на ден. Идејата беше да се споредат медицинските сестри кои работат шест часа на ден, со контролна група во слична работна средина.

Истражувањето ја мерело продуктивноста преку споредување на квалитетот на грижата која го овозможувала секоја сестра. Резултатите покажале дека во текот на годината, поголемиот дел од медицинските сестри кои работеле шест часа всушност биле повеќе продуктивни отколку оние кои работеле подолги работни часови.

68 од сестрите кои работеле шест часа во денот, зеле помалку од половина од износот на денови за боледување од спротивната контролна група. Исто така, имало помалку шанса сестрите кои работеле шест часа на ден да земат одмор во период од две недели.

Медицинските сестри кои работеле помалку биле значително посреќни


Медицинските сестри изјавиле дека се за 20% посреќни, а како резултат на тоа тие извршувале 64% повеќе активности со нивните пациенти.

Сепак, истражувањето може да има недостатоци: со оглед на тоа што експериментот специфично бил спроведен во здравствениот сектор, истиот успех не е загарантиран на пример во секторот за финансии.

Минатата година, анкетата спроведена од „YouGov“ откри дека работниот ден кој трае седум часа или помалку, е најпродуктивниот. Анкетата не е единствена од ваков вид - голем број старт-ап компании во Шведска веќе започнаа воведување на шест часовен работен ден.

„Backgroung AB“, дигитална компанија за производство, го усвои шест часовниот работен ден во септември минатата година. Персоналот на оваа компанија работи или од 8.30 часот наутро или од 11.30 часот наутро, со еден час пауза за ручек.

„Тешко е човек да се концентрира на работата цели осум часа, но со шест часа можете да бидете многу повеќе фокусирани и да си ја завршите работата“, вели ко-основачот на компанијата.