Започнува лотаријата за мигрантска виза за САД

Започнува лотаријата за мигрантска виза за САД

Подготвил: М.П.

На 4-ти октомври се отвара лотаријата за регистрација и добивање на Diversity визата. Апликациите се пополнуваат електорнски на https://www.dvlottery.state.gov/ помеѓу 4-ти октомври на пладне, до 7-ми ноември исто така на пладне, според Источно стандардно време. Квалифицираните апликанти се охрабруваат да се регистрираат што побрзо. Големата побарувачка може да резултира со доцнење на системот, во финалните денови од периодот на регистрација.

 

 

 


DV лотаријата се спроведува на годишно ниво од страна на Стејт департментот и обезбедува мигрантски визи за САД, и тоа секоја година за лица од земји со мала стапка на миграција. Оваа година достапни се 50 илјади визи. Визите се дистрибуираат низ шест географски региони. Визите нема да се доделуваат во земјите кои испратиле повеќе од 50 илјади мигранти во Америка во изминатите пет години. 

Жителите од следните земји немаат право да аплицираат : Бангладеш, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Домениканска Република, Салвадор, Хаити, Индија, Јамајка, Мексико, Нигерија, Пакистан, Перу, Филипини, Јужна Кореја, Велика Британија (освен Северна Ирска) и Виетнам.

Жителите пак на Хонг Конг, Макао и Тајван имаат право за аплицирање. Лицата на кои матичната земја е исклучена од оваа можност, може да аплицираат преку сопружник кој е роден во една од земјите кои имаат право за барање виза.

Оние кои ќе се регистрираат мора да имаат завршено средно образование и две години работно искуство од изминатите пет години, во област која бара две години обуки или искуство за да се изведе работата.

Мора да се пополни онлајн формулар и да се постави фотографија на официјалниот веб сајт на DV лотаријата. Не смее да има повеќе регистрации од страна на едно лице. Апликацијата е бесплатна.

Селектираните ќе бидат известени во периодот од 2-ри мај 2017-та година до 30-ти септември 2018-та година. Ќе добијат информации и инструкции за сите сегменти поврзани со миграцијата во САД. Селектираните кандидати ќе можат да аплицираат за перманентен престој во 2018-та година.

Комплетните инструкции за учество во  DV лотаријата може да ги погледнете на следниот
линк