Најсмешните фотографии од дивиот свет за оваа година

Најсмешните фотографии од дивиот свет за оваа година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Победник на минатогодишниот натпревар „Comedy Wildlife Photo Awards“ беше фотографијата од Џулијан Рад на која успеал да „фати“ хрчак во трчање.

 

1


Натпреварот се одржува и оваа година, и е организиран од фотографите Том Сулам и Пол Џонсон-Хикс, во соработка со „Born Free“, група за права на животните.

„Наместо да го привлечеме вниманието кон животинскиот свет во природата преку лисици кои се убиени од кучиња, мислевме дека е подобро да го прославиме животинскиот свет и со тоа да ја подигнеме свеста кај луѓето“, вели Сулам.

Оваа година, на натпреварот биле пријавени дури 3.000 фотографии. Иако фотографиите со висок квалитет важат за поконкурентни, сепак натпреварот има само едно правило: хумористична фотографија.

„Хуморот и тоа како ја надминува вештината за добра фотографија“, вели Сулам. Тој се надева дека фотографиите ќе ја зајакнат важноста за заштита на овие животни.  „Ќе има огромно влијание, меѓутоа не негативно“, вели тој.


Победничките фотографии ќе бидат објавени на 9 ноември, 2016 година.

 

Во продолжение проследете ги најдобрите фотографии од натпреварот - линк до галеријата.