Зошто Јордан е „различниот“ Исток?

Зошто Јордан е „различниот“ Исток?

Подготвил: Маја Пероска

Географијата не му оди во прилог на Јордан – на север граѓанска војна во Сирија, на запад непрестани судири и насилство помеѓу Израел и Палестина. На истокот и југот, Ирак и Саудиска Арабија. На прв поглед, па и не е некое мирно соседство.

 

 

Но, од друга страна Јордан се наоѓа на неверојатна локација – недалеку од Медитеранот и на работ на Арапскиот Полуостров, изобилува со природни и рачно изработени богатства. Да не се наоѓаше Јордан на оваа локација, тогаш немаше да го има инспиративниот карпест град Петра, спектакуларните кањони, античкиот град Џераш или Маунт Небо од каде што Мојсеј ја здогледал “ветената земја“, ниту пак местото каде што Исус се крштевал.


Јордан е навистина различен од останатите земји во регионот, и заради неговата политика и историја, но и заради способноста за да се почитуваат и зачувуваат културите и традициите.

Не постои поделеност помеѓу истокот и западот и владее
толерантност и разбирање. Многумина и го опишуваат како навистина отворена земја, преполна со гостопримливи луѓе.

Петра е градот кој е заштитен од УНЕСКО и е постојано посетуван од милиони туристи, кои таму остануваат околу 10 дена за подобро да го истражат.  

 

 

 

Во Џераш се одржуваат многу културни фестивали, каде што настапуваат и домашни и интернационални артисти. Се работи за фестивал на отворено кој се одржува во Римските руини, а атмосферата е навистина интересна и необична.


И за оние кои не се религиозни Маунт Небо е специфично место кое вреди да се посети и од таму можат да се видат светлата на Ерусалим. Несомнено може да се почувствува светоста на тоа место. 

 


 

Земјата постојано работи на зачувување на сопствените вредности, култура и традиција, како и туристички атрактивни места и покрај тоа што од сите страни е опколена со немири и непријатни ситуации.


Чувството за престој во
Јордан можеби анјдобро го искажал Кралот Хусеин, кој владеел со Јордан повеќе од четири декади се до неговата смрт во 1999 година :

“Јордан има чудна, прогонувачка убавина и чувство за безвременост. Испреплетен со руините на некогашни големи кралства, сега е последниот центар од минатото во светот на иднината“.