Конечно решена мистеријата позади Бермудскиот триаголник
Подготвил:
Тамара Гроздановски
После илјадници смртни случаи во текот на овој век, конечно е решена мистеријата позади Бермудскиот триаголник.
„Облаци убијци“ е она за кое научниците веруваат дека е виновникот позади соборувањето на толку многу авиони и
потонувањето на исто толку бродови во оваа озлогласена област.
Истражувачите тврдат дека шестаголните облаци кои го „украсуваат“ триаголникот, создаваат застрашувачки ветрови со брзина од 270 километри на час, а ги опишуваат како „воздушни бомби“.
Тие веруваат дека овие брутални експлозии на воздухот можат да ги превртат бродовите и да ги срушат авионите во океанот.
Овие масивни облаци се појавуваат на западниот крај на
Бермуда, меѓутоа можат да се движат во опсег од 20 до 80 километри. Прилично застрашувачки, нели?
„Обично не се гледаат прави рабови кај облаците. Поголемиот дел од времето облаците се случајни во нивното распределување“, вели метеорологот Д-р Стив Милер, од Државниот универзитет во Колорадо.
Користејќи радарски сателити за мерење на она што се случува под облаците, научниците откриле дека нивото на морските ветрови достигнувале речиси 270 километри на час - иста брзина која ветерот ја достигна за време на ураганот Катрина.
Овие ветрови се толку моќни што би можеле да создадат бранови повисоки од 13 метри, создавајќи таканаречени „воздушни бомби“ кои паѓаат надолу кон океанот.
Сето ова звучи прилично страшно, но добро е што конечно ќе се стави крај на лудите теории за Бермудскиот триаголник, еден од најмистериозните делови на планетата.