Мапа што покажува кои подрачја во Европа се најмногу подложни на земјотреси
Изминатата недела Италија се соочи со низа земјотреси и регистрирани се 6,5 степени за еден од нив. Тој воедно е и најголем земјотрес регистриран во изминатите 36 години во државата.
AFP агенцијата за известување врз основа на податоците добиени од Швајцарскиот сеизмолошки центар, направила мапа на која се прикажани подрачјата во Европа каде што постои најголема веројатност од потреси.
Најранливите
подрачја се означени со темно-црвена боја, а оние кај кои постои мала веројатност за потреси се со зелена боја.