Холивуд во Северна Кореја - тука се снима пропагандата на Ким
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Ким Џонг Ил бил голем фан на киното - пропорционално на тоа и народот на Северна Кореја стана страстен фан на филмот како резултат на неговото влијание. Покојниот лидер негувал огромна почит кон филмовите, нарекувајќи ги „најмоќната алатка за едукација на масите“.
Тој отишол толку далеку што го напишал есејот „Теорија на филмски уметности“ во кој тој напишал: „Должност е на киното да ги претвори луѓето во вистински комунисти“. За него, филмот беше средство за искоренување на капиталистичките елементи.
Ким имал илјадници филмови во неговата лична библиотека и седум театри изградени исклучиво за него во главниот град, Пјонгјанг. Освен главното студио (Корејското филмско студио), биле изградени и други студија на периферијата на главниот град - благодарение на жестокиот интерес на филмови што тој го поттикнал.
Ким Џонг Ил снимил филм за основачот на Северна Кореја - неговиот татко Ким Ил Сунг и се прогласил себеси за „генијалец на киното“.
Лидерот дури и ги киднапирал познатиот јужно-корејски режисер Шин Санг-Ок и неговата сопруга, во 1978 година и му наредил да прави филмови за него, обезбедувајќи му пари за нивно производство. Заробениот режисер направил повеќе од 20 филмови, воглавно пропаганда, а потоа бил испратен во затвор затоа што се обидел да избега. Парот успеал да избега во 1986 година.
Насекаде низ главниот град може да се забележат мурали од познатите актери, па дури и на официјалната валута. Севернокорејските филмови имаат тенденција претежно да прикажуваат комунистички и револуционерни теми, вклучувајќи мачеништво на нацијата и жртви, патриоти и херои кои се борат против вистински непријатели (Јапонија и Америка) или чудовишта.
Исто така, Северна Кореја е заинтересирана за создавање филмови за актуелните настани. Кога Бил Клинтон го посетил Пјонгјанг во 2009 година, за да обезбеди ослободување на двајца американски новинари, Лора Линг и Јуна Ли, Северна Кореја за брзо време направила епизода со цел да покаже колку е силен и моќен режимот. Исто така, се создаваат и лажни снимки кои се користат во вестите, презентирајќи го како реално парче.
Билбородот на влезот на студиото „Chollima“ ја прикажува најдобрата актерка на годината, еден вид на северно-корејски Оскари. Разликата е тоа што сите актери се вработени од државата. Туристите можат да ги посетат макетите од различни земји и периоди (англиски колиби, јапонски барови, кинески квартови и сл). Во самото студио има лажни американски и јапонски постери - а изградено е и лажно кино.
Обично луѓето не плаќаат влезници за кино бидејќи немаат можност за рекреација во оддалечените области. Истиот филм се гледа стотици пати. Во оддалечените села, филмските постери насликани на ѕидовите остануваат таму со децении. Најгледаните филмови се: „The Blood Stained Route Map“, „The Road of Happiness“, „The Flower Girl“, „Sea of Blood“, „A True Daughter of the Party“ и „Urban Girl Comes to Get Married“.
Високата класа од Северна Кореја кои патуваат во странство често пати се враќаат со филмови на DVD или на USB.
Ѕирнете во филмската индустрија на Северна Кореја