Оглас за вработување во ТАВ Македонија, Аеродром „Св. Апостол Павле" - Охрид
ТАВ Аеродроми, еден од водечките светски аеродромски оператори, управува со аеродромите Ататурк во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Милас во Бодрум, Газипаша во Аланија во Турција, Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија и Загреб во Хрватска. Холдингот исто така дава услуги преку свои подружници во други сфери на аеродромските операции вклучувајќи бесцарински продавници, угостителство, прифат и отпрема на воздухоплови, ИТ, безбедност и оператива. Заедно со своите подружници, компанијата услужи повеќе од 102 милиони патници во 2015 година на 780.000 летови преку своите 50.000 вработени.
ТАВ Македонија, Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:
АГЕНТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ И ИСПРАЌАЊЕ ПАТНИЦИ – Сезонска работа
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Одговорен е за целосна и точна регистрација на патникот и нивниот багаж во согласност со национални и меѓународни правила и компаниски стандарди
Ги информира патниците за пасошка контрола и објавува повици за влез во авион
Помага на патниците за било каков проблем , асистира, помага и на патници со посебни потреби
Одговорен е за бординг и водење на патници од аеродромска зграда до воздухоплов и обратно
КРИТЕРИУМИ
Диплома за завршено минимум средно образование
Уверение за завршен Б1 степен на познавање на англиски јазик (согласно Common European Language Framework)
Најмалку 2 години работно искуство
ВЕШТИНИ
Комуникациски Вештини
Тимска Работа
Добро познавање на организацијата
Познавање на Воздухопловни системи
ИТ образувани работа во системот
Добро познавање на англиски јазик
Сите заинтересирани кандидати можат да го пратат своето CV на следната е-маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака „Агент Охрид“.
РЕФЕРЕНТ ЗА ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ – Сезонска работа
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Одговорен е да го заштити Цивилниот воздушен сообраќај од актите на незаконско постапување, како и имотот, вработените, коминтентите и гостите.
Должен е да постапува по конкретни задачи предвидени со програмата за обезбедување, упатствата и процедурите за работа за конкретната работна позиција.
Задолжен е за спроведување на пешачака и моторна патрола во зоните на аеродромот, периметарската ограда и објектите во нив заради утврдување на нивната безбедносна и техничка состојба за што изготвува соодветен извештај.
Задолжен е за спроведување на видео надзор и постапување согласно Правилникот за начинот на вршење на видео надзор во ТАВ Македонија.
Заштита од неовластено влегување и движење на лица во AIRSIDE и другите зони на ограничено движење преку идентификување и задржување на сомнителните лица до доаѓање на МВР.
Задолжен е за заштита на имотот на компанијата од неовластено внесување – изнесување на предмети, опрема, делови од опрема и друг вид на имот.
Задолжен е за надгледување на процесот на прифат и отпрема на воздухоплови од безбедносен аспект.
Задолжен е за спроведување на безбедносен преглед на возила пред влез во безбедносно ограничените зони на аеродромот како и за спроведување на придружба на возила и на посетители во безбедносно ограничените зони на аеродромот.
Задолжен е да врши пред- бординг контрола на патниците.
Се грижи за состојбата на оружјето, опремата, средствата за лична заштита и за истото води и доставува соодветна писмена евиденција.
Задолжен е за контролирање на ИД картичките, пријавување на придружувани лица во ПС за ГК Аеродром Св. Апостол Павле Охрид со цел издавање на времени ИД картички и водење на редовна евиденција за спроведување на истото.
По потреба извршува работни задачи на Рентген Оператор согласно лиценците,сертификатите и уверенијата за работа.
Задолжен е да изготвува дневни извештаи за спроведените активности како и извештаи за било какви нарушувања или безбедносно-интересни случки, појави и предмети кои би можеле да ја загрозат безбедноста на воздухопловното пристаниште, воздухопловите, патниците и предметите.
Одговорен е да ги почитува сите интерни акти на ТАВ – Македонија
КРИТЕРИУМИ
Диплома за завршено минимум средно образование
Уверение за завршен A2 степен на познавање на англиски јазик (согласно Common European Language Framework)
Положен стручен испит за вршење обезбедување на имот и лица
ВЕШТИНИ
Добра физичка кондиција
Прва помош
Само одбрана
Ракување со огнено оружје
Комуникациски вештини
Тимска работа
Добро познавање на организацијата
Професионалност и одговорност
Почитување и работна етика
Организациски вештини и менаџирање со време
Ориентираност кон корисници
Англиски јазик
Компјутерски вештини
Сите заинтересирани кандидати можат да го пратат своето CV на следната е-маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака „Обезбедување Охрид“.
ТРАНСПОРТЕН РАБОТНИК – Сезонска работа
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Утовар/истовар на воздухолови според инструкциите дадени од Контролорот на Опслужување на Воздухоплови.
Сортира багаж во сортирница за багаж
Помага во опслужување на патници со намалена способност за движење.
Поставува подметнувачи на воздухопловите.
Се грижи за чистотата на аеродромската платформа, го отстранува сметот од воздухопловите и од аеродромската платформа
Го известува Контролорот на Опслужување на Воздухоплови за сите неправилности при опслужување на воздухопловите.
По потреба работи на одржување на треванати површини во рамките на аеродромскиот комплекс, пред терминална и административна зграда, приодни и излезни патишта од аеродромскиот комплекс.
По потреба извршува работни задачи во службата за зимското одржување, учествува во работењето, активностите и извршувањето на постапките на Зимската служба на аеродромот согласно лиценците, уверенијата и сертификатите кои ги поседува;
По потреба извршува работни задачи при внесување и изнесување на лица со посебни потреби во и од воздухоплов.
КРИТЕРИУМИ
Диплома за завршено минимум средно образование
Уверение за завршен A2 степен на познавање на англиски јазик (согласно Common European Language Framework)
ВЕШТИНИ
Добра физичка кондиција
Комуникациски вештини
Тимска работа
Добро познавање на организацијата
Професионалност и одговорност
Почитување и работна етика
Организациски вештини и менаџирање со време
Ориентираност кон корисници
Сите заинтересирани кандидати можат да го пратат своето CV на следната е-маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака „Транспортен работник Охрид“.
ПОЖАРНИКАР
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Врши обезбедување од пожари на возила и објекти; а во исто време ги контролира сите места во објектите, а посебно местата каде што постои опасност од избувнување на пожар;
Должен е да ги познава сите насоки, патишта на движење и излези во случај на активирање на Планот за Евакуација на објектите за било каква вонредна ситуација да станува збор;
Редовно ја контролира ПП опремата и средствата за гаснење на пожар и спасување и ја одржува во исправна и мобилна состојба;
Должен е да ги познава и соодветно да ги употребува средствата за гаснење на пожар кои се наоѓаат во ПП возилата, како и оние кои се наоѓаат во објектите, брзо да ги активира и употребува во случај на пожар;
Должен е редовно и активно да учествува во изведувањето на теориската настава и практичните вежби, поради континуирано одржување и усовршување на стручната и психофизичката способност потребна за работа во ППЗ;
Врши ПП дежурство при изведување на различни операции, а воедно треба да се грижи, редовно да ги одржува во чиста и уредна состојба ПП возила, ПП опремата, гаражите, просториите и кругот на Секторот за ППЗ;
Материјално одговара за Противпожарната и спасувачка опрема и средствата за гаснење на пожари;
Во текот на зимскиот период, активно учествува во работењето, активностите и извршувањето на постапките на зимската служба на компанијата;
По потреба извршува работни задачи околу косење на трева на комплексот;
По потреба помага на лица со инвалидитет и на лица со посебни потреби
МИНИМУМ ПОТРЕБНИ УСЛОВИ
Минимум средно образование (IV степен)
Уверение за минимум завршен A2 степен на познавање на англиски јазик
Диплома за завршен курс од областа за ППЗ
Најмалку 2 години работно искуство во соодветна област
ВЕШТИНИ
Комуникациски вештини
Тимска работа
Чувство за итност и способност за брзо реагирање
Одлична психофизичка состојба
Способност за ракување со инстреументи во соодветната област
Познавање на компјутерски вештини
Сите заинтересирани кандидати можат да го пратат своето CV на следната е-маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака „Пожарникар Охрид“.
РЕФЕРЕНТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ - Магационер
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Прием, складирање, транспортирање и одржување на лагер листа на стоки во магацин со согласност со процедурите за набавки на компанијата, контрола на квалитетот на набавената стока согласно соодветната документација.
Соработува со одделението за набавки и останатите одделенија и одддели на компанијата
Издавање на материјали и средства по одобрено барање, проследено со пропратна документација согласно процедурите за магацинско работење на компанијата
Спроведува инвентари на сите материјални добра во магацинот.
Припрема извештаи и пописи на сите складирани материјали со цел обезбедување на пишана подршка и пренесување на информации
Врши проверка на магацинската опрема со цел на одржување на истата во безбедно опративна состојба. Препорачува дислоцирање или уништување на подвижната опрема или материјали со цел отстранување на непотребните материјали и материјали со изминат рок на употреба. Се грижи за одржување на организацискиот распоред и безбедноста на материјалите во магацинот
Изготвување, архивирање и соодветно чување на документи потребни за работата на одделот и компанијата
Работење во согласност со администативните политики на компанијата
МИНИМУМ ПОТРЕБНИ УСЛОВИ
Минимум средно образование (IV степен)
Најмалку 2 години работно искуство
Најмалку 1 година работно искуство во соодветна област
ВЕШТИНИ
Комуникациски вештини
Тимска работа
Добро познавање и работа на компјутерски апликации
Добро познавање на англиски јазик
Сите заинтересирани кандидати можат да го пратат своето CV на следната е-маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака „Референт Охрид“.
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛА
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Врши превентивно сервисирање на целокупната опрема и возила
Изведува работи од областа на одржувањето на моторните возила и опрема (електроника, автоматика, електрични инсталации, светлосна сигнализација, хидраулика, пнеуматика итн)
Учествува во работата на другите служби во секторот за одржување (електро служба)
Врши дневна контрола (проверка) на исправноста на опремата
Води писмена евиденција за активностите кои што се изведени во смена
Учествува во работата и на другите одделениа во одделот
Се обучува за одржување на нови типови и опрема
Се грижи за уредноста и чистотата на работното место
КРИТЕРИУМИ
Диплома за завршено минимум средно образование во соодветна област
Најмалку 2 години релевантно работно искуство
Стручно знаење во областа
ВЕШТИНИ
Комуникациски вештини
Тимска работа
Висока посветеност и одговорност кон работата
Проактивност
Планирање и oрганизациски способности
Комјутерски вештини
Познавање на англиски јазик
Сите заинтересирани кандидати можат да го пратат своето CV на следната е-маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака „Техничар за одржување Охрид“.
Напоменуваме дека само кандидатите селектирани во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ја очекуваме Вашата апликација.