Се собираат пари за да се испрати во вселената лице што мисли дека Земјата е рамна

Се собираат пари за да се испрати во вселената лице што мисли дека Земјата е рамна

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Дури и во 2021 година има луѓе што веруваат дека Земјата е рамна, а научниот факт дека таа има облик на сфера претставува теорија на заговор за нив. Марк Голд од Шкотска решил да преземе нешто во врска со тоа и започнал кампања за собирање средства со кои едно лице што верува дека Земјата е рамна ќе се испрати во вселената.

Кампањата на „Гоу фанд ми“ е во тек, а парите што ќе се соберат ќе бидат искористени за резервирање место на комерцијален лет до вселената со надеж дека ќе ѝ се стави крај на оваа теорија. Досега се собрани само 240 фунти од потребните 250.000 фунти.

Голд се обратил до Илон Маск, извршен директор на „Спејс-екс“, и до Ричард Бренсон, извршен директор на „Вирџин галактик“, барајќи поддршка за проектот, но досега не добил повратен одговор.

- Тие ги нарекуваат астронаутите актери што се платени да лажат и од тоа ми врие крвта бидејќи тоа се луѓе што едвај ги задржуваат работните позиции и не прават ништо, па не знам од каде доаѓаат тие коментари за астронаутите - изјавил Голд.

Ова не е првиот вселенски проект поврзан со оваа теорија. Минатата година Мајк Хјуз, кој верувал дека Земјата е рамна, починал при несреќа со ракета што ја направил самиот за мисија со која верувал дека ќе докаже дека Земјата е рамен диск.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay