Видео од влегувањето на кинеското летало во орбитата на Марс
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кина објави видео од леталото „Тјанвен-1“ како влегува во орбитата на Марс. Леталото тргнало од Земјата кон Марс минатото лето, речиси
истовремено со летала испратени од Обединетите Арапски Емирати и од американската вселенска агенција НАСА.
Во видеото објавено од кинеската телевизија ЦЦТВ може да се забележат кратери, како и тенката атмосфера на планетата.
Леталото „Тјанвен-1“ влегло во орбитата на Марс минатата среда и ќе се обиде да слета на површината на планетата во мај. Доколку слетувањето биде успешно, леталото ќе остане на Марс три месеци за да ги истражува почвата и атмосферата на планетата. Така, Кина ќе стане третата земја што слетала на површината на Марс, по Русија и САД.
Истовремено, Кина планира да постави своја вселенска станица во орбитата на Земјата наредната година.
Автор: Виктор Тангерман
Извор:
futurism.com
Фото: Screenshot/Youtube