Оптичка илузија што ќе ве изненади: Човек и две кучиња или нешто друго?

Оптичка илузија што ќе ве изненади: Човек и две кучиња или нешто друго?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Оваа фотографија може изгледа како мирна зимска сцена, нели? Два кучиња што си играат во снегот, додека нивниот газда ги гледа. И бидејќи е зима и има снег, се чини дека човекот носи зимска јакна и има ставено капа. Сепак, ќе мора да размислите повторно бидејќи на фотографијата нема човек. Сè е оптичка илузија.

Оптичката илузија предизвика доста дебати и на социјалните мрежи и на „Редит“. Иако фотографијата е со низок квалитет, што дополнително ѝ помага на оптичката илузија, сигурно има две кучиња на десната страна, но што е тоа на левата?

2

Вистината е дека на фотографијата има три кучиња. Фигурата на левата страна не е личност, туку црна француска пудлица. Перспективата е комплицирана и збунувачка. Она што изгледа како глава на личност, всушност, е заобленото опавче на пудлицата. Она што изгледа како масивна јакна е всушност главата на кучето. А предните шепи на кучето се поставени така што личат на човечки нозе.

Подолу можете да го прочитате објаснувањето. Веб-страницата „Петапиксел“ ја анализирала фотографијата преку „Чет-ГПТ“ за да види дали вештачката интелигенција ќе ја препознае илузијата, а резултатите беа интересни.

- Оваа слика прикажува зимска сцена на отворено со три животни и интересна оптичка илузија. На прв поглед може да изгледа како личност во темна облека која стои свртена, но при подетално разгледување, станува збор за црно куче. Оптичката илузија е предизвикана од положбата на кучето, која ја имитира силуетата на личност - заклучува чет-ботот.

2

Извор: Petapixel.com
Фото: Petapixel