Традиционална јапонска техника на градење со дрво без клинци

Традиционална јапонска техника на градење со дрво без клинци

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Повеќето од нас знаат да изградат нешто со клинци и дрво, но што доколку го имате само дрвото? Ова звучи како невозможно, но постои јапонски метод за градење само со дрво.

Методот познат како мијадаику се состои од изградба на храмови и домови спојувајќи повеќе дрва. Овој метод постои илјадници години, а Јапонците го учат и денес. Се појавил во Јапонија во време кога не можело да се најде железо, па луѓето граделе само со дрво. Бидејќи ги немале алатките што ни се достапни денес, тие користеле вештини во градењето.

Камакура бил главен град на Јапонија од доцниот 12 до раниот 14 век. Во овој град и денес може да се видат будистички храмови што биле изградени со овој стил пред повеќе од 1.200 години.


Извор: openculture.com 
Фото: Youtube screenshot