Астронаут направи неверојатен експеримент со „гоу про“ камера во вселената
Иако сме виделе различни снимки од „гоу про“ камера од морските длабочини, малкумина имале можност да сведочат што се случува кога ќе се најде таква камера во топка од вода во вселената.
Токму тоа го направиле астронаутите на Меѓународната вселенска станица, кои уште во 2014 година решиле да ја искористат бестежинската состојба за да го истражат површинскиот напон на водата во микрогравитацијата. Или, поедноставно кажано – астронаутите решиле да тестираат што се случува кога камерата ќе се заглави во топка од вода.
Наука или забава?
Експериментот го спровеле астронаутите Рид Вајсман и Стив Свансон заедно со колегите од Европската вселенска агенција (ЕСА). Нивната задача била да создадат топка од вода која ќе лебди во Меѓународната вселенска станица и ќе вметне „гоу про“ камера во неа. По неколку обиди успеале да снимат уникатни кадри внатре и надвор од сферата, додека таа слободно се движела низ кабината без никаков отпор.
Иако глетката е фасцинантна, извлекувањето на камерата од водата во микрогравитација се покажало како многу потешка задача отколку што очекувале астронаутите. Без силата на гравитацијата, водата се однесува како лебдечка желатинска маса, со капки кои лесно летаат во сите правци - што може да претставува сериозен проблем ако се доближат до чувствителна електронска опрема.
За среќа, рускиот инженер Олег Артемјев бил подготвен за можен хаос и користел крпа за да ја исчисти водата пред да стигне до чувствителната опрема на станицата.
Како влијае микрогравитацијата врз телото на астронаутот?
Времето поминато во бестежинска состојба има сериозно влијание врз човечкото тело. НАСА открила дека астронаутите губат помеѓу 1 и 1,5 отсто од минералната густина на коските за секој месец поминат во вселената, особено во коските кои ја поддржуваат тежината на телото. Дополнително, тие можат да изгубат и до 30 отсто од својата мускулна маса, поради што астронаутите мора редовно да вежбаат за време на мисиите.
Не е тешко да се замислат Буч Вилмор и Суни Вилијамс, астронаути во моментов на Меѓународната вселенска станица кои чекаат да се вратат на Земјата, како се забавуваат со слични експерименти за да го пополнат своето време во бестежинскиот простор.
Извор: klik.hr
Фото: YouTube screenshot