Ги загубивме музичарите Андреј од ДНК, Сара Пројковска, Филип Стевановски и Ѓорѓи Ѓорѓиев

Ги загубивме музичарите Андреј од ДНК, Сара Пројковска, Филип Стевановски и Ѓорѓи Ѓорѓиев

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, кое е познато по многуте хуманитарни дела, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани, пренесе „Телма“, повикувајќи се на извори од неговото семејство. 

Факултетот за музичка уметност во Скопје соопшти дека во пожарот животот го загубила и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која беше придружен вокал на дуото.

  

Исто така, музичарот Филип Стевановски од Куманово - придружен член на дуото ДНК загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, јави штипската телевизија ТВ Стар. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, а магистрирал џез-музика. Работеше во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип. 

Во несреќата загина и тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев, од Струмица.


Животот го загуби и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК,

Почивајте во мир!