Прими сочувство, Македонијо!
Најмалку 59 лицa загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани, а десетици се повредени.
Утрово нè разбуди оваа траорна вест за загубата на десетици млади животи. Тешко е да се најдат зборови со кои може да се изрази сета тага и болка што сите ја чувствуваме сега. Скршени сме и неми по огромната трагедија и не можеме да најдеме зборови за утеха. Македонија е завиена во црно.
Редакцијата на Факултети.мк изразува најдлабоко сочувство до фамилиите, роднините и пријателите на трагично загинатите. Изразуваме сочувство до целата држава.
Им посакуваме брзо закрепнување на повредените.
Стоиме на располагање како редакција доколку можеме на каков било начин да помогнеме.