„Специјален извештај“ без Том Круз

„Специјален извештај“ без Том Круз

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Организацијата за граѓански права „Стејтвоч“ открила дека Министерството за правда на Велика Британија развива програма за идентификување потенцијални убијци, првично наречена „проект за предвидување на убиства“, вели „Енгаџет“, кој известува за британскиот „Гардијан“.

Програмата била откриена преку Законот за слобода на информации, а според добиените документи, алгоритамот е развиен врз основа на полициски податоци за 100.000 до 500.000 луѓе. Информациите споделени со Министерството за правда вклучуваат информации за менталното здравје, зависностите, самоубиствата и попреченоста.

По откривањето на не толку тајната, но не и јавно водена програма, претставник на Министерството за правда изјавил дека проектот се спроведува „исклучиво за истражувачки цели“.

Досега, програмата не предвидела ниту едно убиство, ниту пак некој е превентивно уапсен.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik