Најдобрите филмови за овие 5 месеци од 2020 година

Најдобрите филмови за овие 5 месеци од 2020 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Поминаа пет месеци од 2020 година, а и покрај пандемските околности што ни го нарушија животот, филмовите продолжуваат. Иако кината се затворени во многу земји, мал дел од филмовите се насочија кон дигитални и стриминг-премиери. Од трансцендентен документарен филм за активист („Crip Camp“) до трилер за ужасите на телото во изолација („Swallow“), ви ги нудиме најдобрите филмови досега според критичарите на веб-страницата „Валчр“.


„Weathering With You“




Филмот ја раскажува приказната на младо момче кое побегнало во Токио и млада девојка-сирак во која момчето се заљубува. Девојката има моќ да манипулира со времето, односно да влијае врз сонцето за тоа да се појави, но само накратко. Она што изненадува е атмосферата што преовладува во филмот - љубовна приказна за ера на климатските промени која ја отфрла идејата дека младите мора да се жртвуваат поради одлуките на претходните генерации.


„Color Out of Space“




Николас Кејџ глуми сопруг и татко во хорор-филм испреплетен со научна фантастика. Имено, семејството на ликот на Кејџ се наоѓа во центарот на катастрофа кога метеор ќе падне на нивниот имот и тие ќе мора да се соочат со последиците.

„The Assistant“



Филмот нуди поглед во животот на една асистентка на моќен извршен директор. Џејн, неодамна дипломирана студентка и филмски продуцент во подем, само што ја доби работата од соништата како помлад асистент на моќен магнат во шоу-бизнисот. Нејзиниот ден е како и на секој друг асистент - правење кафе, нарачување ручек, организирање патувања и примање телефонски пораки. Но, како што таа ја следи рутината, станува сè посвесна за злоупотребата што подмолно го обојува секој нејзин работен ден.

„The Whistlers“



Не е сè како што изгледа за Кристи, полицаец кој игра на двете страни од законот. Тој оди на островот Ла Гомера за да го научи античкиот јазик на „свиркачите“.

„Beanpole“



Приказната на рускиот режисер Кантемир Балагов е исклучителна историска драма за две жени-ветерани кои се обидуваат повторно да го живеат животот во повоениот Санкт Петербург. Сè почнува со неискажлива трагедија. Како што ликовите се борат со сопствената траума, така и гледачите мора да се справат со последиците од тоа што го гледаат.

„Sorry We Missed You“



Рики и неговото семејство водат тешка битка против долгот по финансискиот колапс во 2008 година. Можност Рики да си ја врати независноста се појавува со ново комбе и можност да управува со франшиза како самовработен возач на испорака. Семејството е силно, но кога и неговата сопруга ќе оди во различна насока, се чини дека работите почнуваат да пропаѓаат.

„Never Rarely Sometimes Always“



Возбудливо политички, но непостојано интимен, третиот филм на Елиза Хитман е трилер чиј антагонист не е личност, туку општество кое се однесува со телата на главните ликови како со заедничка сопственост. Филмот се одвива во деновите кога бремена тинејџерка патува со нејзината братучетка до Њујорк за да абортира, затоа што ограничувањата направени од нејзината земја Пенсилванија не ѝ го дозволуваат тоа.

„First Cow“



Филмот на Кели Рајхард се фокусира на врската помеѓу двајца криминалци - пекар и кинески имигрант кој е претприемач, кој прави план да молзи млеко секоја вечер од кравата на најбогатиот човек на округот.

„The Way Back“



Бен Афлек добива една од најголемите улоги како алкохоличар кој во средношколските денови бил кошаркарска ѕвезда. Сега добива шанса да се искупи откако ќе биде вработен како тренер на еден безнадежен тим.

„Swallow“



Хејли Бенет е неверојатно добра како домаќинка која е дел од контролирачки брак сè додека психолошко нарушување ја тера да се разбуди. Филмот го прикажува домашното угнетување и неистражените очекувања од мајчинството - но претставува и еден вид хорор, бидејќи хероината од филмот почнува опсесивно да голта работи што не се јадат, како некој друг да презема контрола врз неа.

„Lost Girls“



Темната драма на Лиз Гарбус на „Нетфликс“ е базирана на силно емпатичната книга на Роберт Колкер за жртвите на сериски убиец за кој се верува дека искасапил помеѓу 10 и 16 проститутки чии тела со години лежеле на дел од плажата Гилго.

„Blow the Man Down“



Две сестри кои се без пари се борат да ја задржат куќата на нивната мајка која неодамна почина. Двете се најдоа во средина на она што се чини како сложен, извртен заговор што ги открива најтемните тајни на нивниот град.

„Bacurau“




Режисер одлучува да патува во село во внатрешноста на Бразил за да сними документарец. Како што минуваат деновите, тој открива дека локалните жители не се она што се чини дека се - тие кријат темни тајни.

„Crip Camp: A Disability Revolution“




Инспиративен документарен филм за граѓанските права. Режиран од Никол Њунхам и Џим Лебрехт, дејствието на филмот е во 1971 година во кампот „Кетскилс Џенед“, каде што тинејџерите со инвалидитет се соочуваат со иднина формирана од изолација, дискриминација и институционализација.

„Birds of Prey“




Откако ќе раскине со Џокер, Харли Куин им се приклучува на суперхероите Црната Канаринка, Хантрес и Рене Монтоја за да спасат девојка од злобен криминален лорд.

„Sea Fever“



Филмот на Неаса Хардиман не е различен од другите хорор-филмови за неискажливите опасности на морето, но овој филм за Ирец кој е нападнат од паразити што ги излачува мистериозно длабоко морско суштество нуди вистински филмски квалитет.

„Selah and the Spades“



Овој филм е тинејџерска драма за моќта и доминацијата. Во центарот на филмот е изненадувачки бурниот свет на Селах, лик чија желба за наследничка се бори со нејзиниот инстинкт да го уништи секој што ќе го предизвика нејзиното место - дури и ако тој некој го избере таа.

„Bad Education“



Хју Џекман е одличен во оваа драма базирана на вистинска приказна за скандал за проневера во необичен кварт во округот Лонг Ајленд. Џекман го глуми Фран Тасоне, кој е лажго и шоумен, политичар и всушност одличен началник доколку не ги земете предвид криминалите.

„Our Mothers“



Гватемала, 2018 година. Целата земја е насочена кон судењето на војниците кои предизвикаа граѓанска војна. Изјавите за жртвите доаѓаат една по друга. Ернесто е млад антрополог кој работи во Форензичката фондација, неговата работа е да ги идентификува исчезнатите. Еден ден, додека го слуша сведоштвото на една стара жена, тој мисли дека пронашол трага што може да води до неговиот татко кој исчезнал за време на војната. Наспроти желбите на неговата мајка, тој целосно се посветува на случајот.

„The Half of It“



По 15 години без филм, Алис Ву се враќа со оваа шармантна романтична комедија, во која одлична ученичка што живее во северозападниот дел од Пацификот е изнајмена од фудбалер за да му помогне да пишува писма што ќе ја воодушеват најубавата девојка во училиштето.

Извор: Vulture.com
Фото: Screenshot/YouTube