Кејт Винслет повика на акција против штетните социјални медиуми

Кејт Винслет повика на акција против штетните социјални медиуми

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Актерката Кејт Винслет го искористи својот говор на доделувањето на наградите „Бафта“ за да повика на акција против социјалните мрежи.

- Си ги сакаме нашите деца назад - рече таа. Оскаровката ги повика луѓето што се на власт да ја криминализираат штетната содржина.

47-годишната актерка глуми заедно со нејзината ќерка Миа Треплтон во филмот „Јас сум Рут“, кој ја прикажува врската помеѓу мајка и дете кое се справува со притисокот врз менталното здравје што доаѓа од онлајн светот.

- „Јас сум Рут“ е филм за родители и нивните деца, за семејства кои се чувствуваат како заложници на онлајн светот, за родители кои посакуваат нивните тинејџери да комуницираат со нив, но повеќе не можат. Филмот е и за млади луѓе кои станаа зависни од социјалните мрежи и нивните мрачни страни: ова не мора да биде вашиот живот. До луѓето на власт и до луѓето кои можат да направат промени: ве молам, криминализирајте ја штетната содржина. Искоренете ја штетната содржина, не ја сакаме. Не сакаме да лежиме будни, преплашени за менталното здравје на нашите деца. До секој млад човек кој можеби слуша и кој чувствува дека е заробен во нездрав свет: те молам побарај помош. Нема срам од признавањето дека ти треба поддршка. Ќе добиеш помош, само побарај - рече таа.



Извор: Standard.co.uk
Фото: Screenshot/YouTube