Македонските физичари освоија бронзен медал и три пофалници на Меѓународната олимпијада по физика
Средношолците од Македонија кои учествуваат на 52. Меѓународна олимпијада по физика во Швајцарија (онлајн) освоија еден бронзен медал и три пофалници, соопштија од Друштвото на физичари на Република Македонија(ДФРМ).
Притоа, Емилија Николовска, која е втора година во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, освои бронзен медал, додека Мајкл Георгиевски од СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарци, Матеј Гелев од ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје и Горазд Блажески од СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид добија пофалници, а Димитриј Анѓеловски од ПСУ Американска гимназија во Скопје имаше успешно учество.
-Поддршка на учениците им беа повеќе членови на ДФРМ и колеги од ПМФ во својство на водачи, подготовка на учениците, тестатори и сл. (Ламбе Барандовски, Боце Митревски, Ирина Петреска, Христијан Кочанковски, Ирена Златановска, Гоце Геговски) - истакнаа од ДФРМ.
Ова е втор успех на македонските средношколци во само неколку дена откако завчера
Сојузот на математичари соопшти дека македонските средношколци кои учествуваат на Интернационалната математичка олимпијада во Осло освоиле два сребрени, два златни медали и две пофалници.
Фото: ДФРМ (фејсбук-страница)