Временска прогноза: Променливо облачно и нестабилно
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено во јужните и западните делови.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната температура од 22 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура до 18 степени, а дневната температура ќе достигне до 32 степени.
Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облчаност. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Извор: МИА