Како изгледал Авганистан пред војните и американската инвазија?

Како изгледал Авганистан пред војните и американската инвазија?

Иако денес е тешко да се замисли, Авганистан некогаш бил популарна туристичка дестинација за посетителите желни за авантури.

ОД 1970 до 1974 година, додека Западот и Советскиот Сојуз се натпреварувале за влијание во оваа земја, млад американски брачен пар забележал секојдневни активности на Авганистанците пред нивните животи драстично да се сменат.

Елиот Ларсон и неговата сопруга Марти, кои работеле во медицинска установа во Џалалабад, ги испратиле нивните фотографии до „Радио Слободна Европа“, а нив можете да ги погледнете тука.

Што забележал американскиот фотограф во 60-тите години од минатиот век?


Пред американската инвазија, пред руската војна и пред марксистичката револуција Авганистан бил прилично убаво место. Збирката фотографии од 1960-тите години била објавена во 2013 година во „Денвер пост“.


 


Аматерскиот фотограф и универзитетски професор, д-р Вилијам Подлич добил дозвола од факултетот и одлучил некое време да работи со УНЕСКО во Кабул, а со него ги повел и сопругата и ќерката. Тој успеал на фотографиите да долови каков бил животот во Авганистан во тоа време.





Подоцна неговиот зет Клејтон Естерсон ги оживеал фотографиите и ги ставил на интернет, а луѓето биле воодушевени.





Естерсон за „Денвер пост“ истакнал дека многу Авганистанци му се заблагодариле што покажал како изгледала нивната земја некогаш.


Извор: Buka
Насловна фотографија: pbase.com