„Мекдоналдс“ создава мали хотели и места за одмор за пчелите

„Мекдоналдс“ создава мали хотели и места за одмор за пчелите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Неодамна „Мекдоналдс“ во Шведска создаде мал ресторан за пчели со кој сакаше да го насочи вниманието на кризата со која се соочуваат пчелите - умираат колонии со невидена стапка и сите треба да бидеме загрижени за тоа.

Сега од „Мекдоналдс“ создаваат мали хотели за пчели на задниот дел од нивните билборди. Од „Норд ди-ди-би“, креативната агенција што стои зад архитектурата, објаснуваат дека 30 отсто од дивите пчели во земјата се загрозени, главно затоа што немаат доволно места за одмор.

1

3

Затоа компанијата се здружи со фирмата за рекламирање „Џеј-си-деко“ за да ги претвори задните делови од нивните билборди во мали хотели.

3

„Мекдоналдс“ троши над 1,8 милијарда долари секоја година за рекламирање и промоции, обидувајќи се да создаде слика како грижлива и зелена компанија. Додека овие локализирани напори за промовирање на биолошката разновидност на пчелите се одлични - тие се ништо во споредба со штетата што „Мекдоналдс“ ја прави врз животната средина како целина.

Освен што придонесува за уништување на шумите и емисии на стакленички гасови преку интензивната потреба од месо, живина и производи како палмино масло, туку и само 50 отсто од пакувањата на „Мекдоналдс“ доаѓаат од одржливи извори и само 10 отсто од рестораните на компанијата рециклираат.

4

7

Сепак, тие преземаат чекори за подобрување.

- Нашите клиенти ни кажаа дека отпадот од пакувањата е број еден проблем кога станува збор за животната средина, а ние би сакале да го решиме тоа - изјави Франческа Дебиасе, главен директор за снабдување и одржливост во „Мекдоналдс“.



До 2025 година компанијата сака 100 отсто од нејзините пакувања да доаѓаат од обновливи, рециклирани или овластени извори, а рециклирањето да биде достапно во сите ресторани.