Дали би изгледале 13 хорор-филма ако ви платат 1.300 долари?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Компанија ќе плати 1.300 долари за некој да изгледа 13 најстрашни хорор-филма за да открие дали големината на буџетот влијае врз ефикасноста на филмот.
Компанијата „Фајнансбаз“ сака да ангажира едно лице кое во октомври ќе треба да изгледа 13 од најстрашните хорор-филмови снимени досега. За тоа време компанијата ќе ги следи отчукувањата на неговото срце.
- Во пресрет на претстојната сезона, ние во
„Фајненсбаз“ сакаме да откриеме дали високобуџетните хорор-филмови предизвикуваат посилни стравови отколку нискобуџетните - наведуваат од компанијата и додаваат дека избраниот кандидат што ќе ги гледа филмовите ќе носи монитор за следење на отчукувањата на срцето додека ги гледа филмовите.
Од кандидатот се бара од 9 до 18 октомври да ги изгледа сите 13 наслови, а компанијата ќе му плати 1.300 долари и ќе обезбеди средства за да може да ги гледа сите филмови.
Ова се филмовите: „Пила“, „Амитвил хорор“, „Тивко место“, „Тивко место 2 дел“, „Кендимен“, „Астрална подмолност“, „Блер вич проект“, „Злокобен“, „Бегај“, „Чистка“, „Ноќ на вештерките“ (2018), „Паранормална активност“ и „Анабела“.
Аплицирањето завршува на 26 септември.
Извор:
Silive.com
Фото: Pixabay