Човек тврди дека ја решил мистеријата на пирамидите: „Знам како успеале да ги направат“

Човек тврди дека ја решил мистеријата на пирамидите: „Знам како успеале да ги направат“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Иако овие прекрасни градби со векови ги фасцинирале научниците и историчарите, начинот на кој биле изградени останува предмет на дебата. Но, еден тиктокер има своја теорија - дека пирамидите биле изградени користејќи звук.

Египетските пирамиди долго време го збунуваат светот со нивниот импресивен дизајн, а многумина се прашуваат како едно древно општество успеало да постигне таков технолошки подвиг без модерна опрема. На „Тик-ток“, корисникот „@taistar42“, познат како „Диџериду Дуд“, одлучил да придонесе за теориите на заговор користејќи необичен експеримент со диџериду, абориџински традиционален инструмент.

Во своето вирално видео тој покажува како користи звучни бранови за да подигне пластична кеса во воздух, што имплицира дека слични техники биле користени за изградба на пирамидите. Неговиот „доказ“ станал уште поинтригантен кога, како одговор на барањето од коментарите, држел фолија во која бил скриен мал камен.

Бизарна теорија

@taistar42 Ancient Egyptians used Advanced Technology #pyfツ #pyramid #didgeridoo @thehappyjewtalian ♬ Pyramid were built with sound - Didgeridoo Dude
Оваа демонстрација се потпира на феноменот на акустична левитација, во која звучните бранови создаваат доволно сила за да направат предметите да лебдат во воздухот. Иако ова е научно докажано за лесни предмети како фолија, многумина се скептични дека техниката би можела да се примени на масивните камења што се користат во пирамидите.

Се разбира, критичарите се сомневаат во сериозноста на оваа теорија. Камењата користени за пирамидите биле тешки и масивни, а свирачот на диџериду, колку и да биле силни неговите бели дробови, веројатно не можел да ги крене тие блокови со звучни бранови. Иако е забавно да се замислат старите Египќани со овој инструмент в раце додека ги граделе величествените пирамиди, повеќето експерти се држат до теоријата дека Египќаните користеле рампи за поместување на камењата.

Така, и покрај иновативната теорија на тиктокерот, вистината за изградбата на пирамидите сè уште останува енигма.

Извор: klik.hr

Фото: TikTok