Принципите за вработување по кои се води Џеф Безос, најбогатиот човек во светот

Принципите за вработување по кои се води Џеф Безос, најбогатиот човек во светот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Џеф Безос е најбогатиот човек во светот. Најголемиот дел од богатството го заработил преку компанијата за електронска продажба на производи „Амазон“. Компанијата е огромна и вработува многу луѓе, но постојат карактеристики што Безос ги бара кај кандидатите.

Според писмо од Безос до акционерите на „Амазон“ испратено во 1998 г., кандидатите треба да знаат дека во компанијата може да се работи долго, напорно или паметно, но не може да се одбере две од овие три.

- Работиме за да изградиме нешто важно, нешто што има значење за нашите клиенти, нешто за што може да им кажуваме на нашите внуци. Таквите работи не би требало да бидат лесни - напишал тој.


Фото: Wikipedia

Една од карактеристиките што Безос ги има е способноста за растење, а порано годинава изјавил дека сака да најде луѓе што би можеле да го подучуваат и да му помогнат да се развива.

- Секогаш размислувам како да вработам луѓе што би можеле да ми бидат учители, луѓе кои би ме учеле. Ако имате доволно среќа да вработувате луѓе, бидете сигурни дека вработувате луѓе што ќе ве научат нешто - изјавил Безос.

На веб-страницата на компанијата „Амазон“ има неколку принципи за водење кои претставуваат основа за принципите за вработување на Безос. Меѓу другото, се набројуваат „опсесија со клиенти“, иновација и поедноставување, учење и љубопитност, инсистирање на високи стандарди, навлегување во работата и давање резултати.

Автор: Кајл Шницер
Извор: theladders.com