Авион кружел повеќе од 40 минути околу Херцег Нови бидејќи аеродромот отворал во 5:30 часот

Авион кружел повеќе од 40 минути околу Херцег Нови бидејќи аеродромот отворал во 5:30 часот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Црногорските аеродроми ја губат трката со Тирана поради одлуките кои доведоа до намалување на бројот на летови на нискобуџетните компании, а ноќните летови се стар проблем.

Тоа го почувствувале на своја кожа и црногорските фудбалери и делегацијата, која со нив се вратила од Кардиф, бидејќи авионот на бугарската компанија „БХ ер“ повеќе од 40 минути кружел околу Херцег Нови. Причината е тоа што аеродромот во Подгорица не сообраќа пред 5:30 часот, па било невозможно авионот да слета.

Поради оваа причина, чартер-летот од Кардиф беше планиран во 1:30 по локално време (2:30 по наше време), а веднаш по качувањето, капетанот најавил дека авионот ќе биде во воздух два часа и 20 минути.

Наместо да слета нешто пред пет часот, авионот слетал точно во 5:31 часот. Аеродромот дотогаш бил во длабок сон.

Извор: Blic.rs
Фото: Freepik