Неверојатни фотографии од „кометата на векот“, која беше видлива и на небото над Македонија

Неверојатни фотографии од „кометата на векот“, која беше видлива и на небото над Македонија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Вљубениците во астрономијата направија неверојатни фотографии од „кометата на векот“ при нејзиното појавување на небото.

Кометата А3, позната и како Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС, изминатиов период беше видлива и светла, така што астрономите и фотографите низ светот успеаја да направат неверојатни фотографии.


 
Именувана по кинеската опсерваторија и јужноафриканската програма што ја откри во 2023 година, „кометата на векот“ се формирала на растојание до 400.000 пати од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.




Нејзината глава е со дијаметар од 209.000 километри, а нејзината опашка се протега на 29 километри. Се очекува кометата повторно да биде видлива од Земјата за 80.000 години.

Кометата беше видлива и на небото над Македонија. Скопското астрономско друштво објави фотографија на фотографката Ивона Кочов од Битола, каде што се гледа кометата над врвот Пелистер.





Кометата ќе биде видлива на небото до 30 октомври.

Фото: Ивона Кочов/Фејсбук